Accessibility links

Breaking News

Изборите се време за мирна дебата


Президент США Джо Байден обращается к нации из Овального кабинета в Белом доме в Вашингтоне
Президент США Джо Байден обращается к нации из Овального кабинета в Белом доме в Вашингтоне

На 13 јули, вооружен маж се обиде да го убие поранешниот претседател и републикански кандидат за претседател Доналд Трамп на политички митинг во Пенсилванија.

За среќа, куршумот наменет за него го погодил само десното уво. Но, уште еден американски државјанин е убиен, а други се тешко повредени од стрелецот.

Во обраќањето во Овалната канцеларија, претседателот Џо Бајден истакна: „Не можеме - не смееме да одиме по овој пат во Америка“.

“Во Америка нема место за вакво насилство или за какво било насилство. Точка. Нема исклучоци. Не можеме да дозволиме ова насилство да се нормализира”.

Претседателот Бајден истакна дека „политичката реторика во оваа држава е многу вжештена. Време е да се олади“, нагласи тој. „И сите ние имаме одговорност да го направиме тоа“.

Иако „(не)согласувањето е неизбежно во американската демократија“, рече претседателот Бајден, политиката не смее да стане „буквално бојно поле“.

“Верувам дека политиката треба да биде арена за мирна дебата, за следење на правдата, за донесување одлуки водени од Декларацијата за независност и нашиот Устав. Ние се залагаме за Америка која не е за екстремизам и бес, туку на пристојност и грациозност“.

Во американската демократија, „(ние) дебатираме и не се согласуваме. Ние го споредуваме и спротивставуваме карактерот на кандидатите, изјавите, прашањата, агендата (и) визијата за Америка“, рече претседателот Бајден.

“Но, во Америка, разликите ги решаваме со (гласачка) кутија... не со куршуми. Моќта за промена на Америка секогаш треба да е во рацете на народот, а не во рацете на потенцијален убиец“, рече претседателот Бајден.

„Од самиот почеток, нашите основачи ја разбраа моќта на страста и така создадоа демократија што му даде шанса на разумот за рамнотежата да надвладее над бруталната сила“, објасни претседателот Бајден.

“Тоа е Америка која мора да бидеме, американска демократија каде аргументите се даваат со добра волја, американска демократија каде се почитува владеењето на правото, американска демократија каде пристојноста, достоинството (и) фер-играта не се само чудни поими, туку (се) живи, дишечки реалности”.

„Тоа им го должиме на оние кои доаѓаат пред нас, на оние кои ги дадоа своите животи за оваа земја. Тоа си го должиме себеси. Тоа им го должиме на нашите деца и нашите внуци“.

XS
SM
MD
LG