Accessibility links

Breaking News

Глобалниот координатор за антикорупција за приоритетите и стратегијата 


Richard Nephew. (File)
Richard Nephew. (File)

Од самиот почеток, претседателот Џо Бајден јасно стави до знаење дека смета оти борбата против корупцијата, и глобална и домашна, е основен национален безбедносен интерес и приоритет на надворешната политика на САД.

Тоа е затоа што корупцијата ја уништува довербата, го поткопува развојот, ја нагризува довербата во демократските институции и го попречува економскиот раст. Во крајна линија, граѓаните се тие кои ги трпат последиците бидејќи цените растат, помалку ресурси се инвестираат во јавниот сектор и се деградира животната средина.

Затоа, Белата куќа ја објави првата американска стратегија за борба против корупцијата, која дава план за тоа како САД ќе одговорат на корупцијата и поврзаните злосторства. За да ја интегрира и подигне борбата против корупцијата низ сите аспекти на американската дипломатија и странската помош, претседателот Бајден го назначи Ричард Нефју за координатор на Стејт департментот на САД за глобална антикорупција.

Говорејќи на брифинг со новинарите кон крајот на минатиот месец, координаторот Нефју рече дека стратегијата „е организирана во пет меѓусебно зајакнувачки столбови“.

„Првиот е модернизирање, координирање и обезбедување ресурси на напорите на Владата на САД за спречување на корупцијата. Второ е спречување на незаконските финансии. Третиот, барање одговорност од корумпираните актери. Четврто, зачувување и зајакнување на мултилатералната антикорупциска архитектура. И петто, подобрување на дипломатскиот ангажман и искористување на ресурсите за странска помош за постигнување на целите на антикорупциската политика“.

Во имплементацијата на антикорупциската стратегија се неколку приоритети кои бараат посебно внимание.

„Прво, ние работиме на развивање поинтегрирани пристапи за нашата антикорупциска работа“, рече координаторот Нефју.

„Вистинскиот напредок ќе бара пакет реформи и упорни напори од сите страни за да се постигнат резултати, информирани преку разбирање на она што функционира во одредени контексти и во одредени земји“, рече тој.

„Второ, работиме на галванизација на акцијата на антикорупциската заедница и зајакнување на спроведувањето на антикорупциските обврски“.

„Трето, САД ќе продолжат да играат водечка улога во борбата против корупцијата, и тоа ќе го направиме во партнерство со многу земји и организации кои веќе се посветени на оваа кауза“, рече Нефју.

Конечно, САД „ќе гледаат да ги зајакнат внатрешните регулативи и законодавство, за да видиме што можеме да направиме за да се увериме дека нашите најдобри практики се целосно прифатени“.

„Нема волшебна формула за решавање на корупцијата“, рече тој. „Сите сме во ова заедно и сите го имаме овој предизвик со кој се справуваме“.

XS
SM
MD
LG