Accessibility links

Breaking News

Гонење на трговците со дрога


Фентанилот, со кој се тргува преку јужната граница на САД, е одговорен за повеќе од 63 отсто од 96.779 смртни случаи од предозирање во САД помеѓу март 2020-та и 2021-ва година.

Напорите на владата се да ја намали побарувачката во САД и да се бори против трговијата со дрога и транснационалниот организиран криминал на глобално ниво и во Мексико.

Неодамна, Стејт департментот објави награда до пет милиони долари за информации кои ќе доведат до апсење или осуда на четворица трговци со дрога кои дејствуваат во мексиканските држави Чивава и Синалоа. Аурелиано Гузман-Лоера, братот на поранешниот водач на картелот Синалоа, Хоакин Гузман-Лоера, и браќата Руперто Салгеиро-Неварез, Хозе Салгеиро-Неварез и Хериберто Салгеиро Неварез, сите работат под чадорот на федерацијата на Синалоа картел.

Аурелиано Гузман-Лоера и браќата Салгеиро-Неварез се обвинети за кршење на американските закони за дрога, вклучително и меѓународни заговори за дистрибуција на марихуана, кокаин, метамфетамин и фентанил.

Оваа понуда за награда ја надополнува најавата на Одделот за правда за обвиненија против Аурелиано Гузман-Лоера и тројцата браќа Салгеиро-Неварез за кршење на меѓународните закони за трговија со наркотици.

Оваа награда се нуди во рамките на Програмата за награди за наркотици на Стејт департментот. Повеќе од 75 транснационални криминалци и големи трговци со наркотици беа изведени пред лицето на правдата во рамките на Програмата за награди за наркотици и Програмата за наградување на транснационалниот организиран криминал од 1986-та година. Одделот плати повеќе од 135 милиони американски долари како награди за информации кои водат до апсења.

Бирото за меѓународни наркотици и Одделот за спроведување на законот управува со Програмата за награди за наркотици во тесна координација со Администрацијата за борба против дрогата, Федералното биро за истраги, Истрагите за внатрешна безбедност на САД за имиграција и царина како и други владини агенции на САД. Овие активности ја покажуваат посветеноста на Одделот за поддршка на напорите за спроведување на законот да ги изведат транснационалните криминалци пред лицето на правдата.

XS
SM
MD
LG