Accessibility links

Breaking News

Во поддршка на суверенитетот на Грузија


(FILE) Activists protest against Georgian authorities' decision issuing a permit to Russian airline Azimuth to operate direct flights between Russia and Georgia.
(FILE) Activists protest against Georgian authorities' decision issuing a permit to Russian airline Azimuth to operate direct flights between Russia and Georgia.

Во 2008 година, користејќи тактики слични на оние што подоцна ги користеше во источна Украина, Русија ги влоши и поттикна немирите во северна Грузија, нејзиниот сосед во јужен Кавказ.

Под изговор дека ги штити своите граѓани во грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија, Русија ја нападна поранешната Советска Република на први август 2008 година.

Во тој процес, загинаа околу илјада Грузијци, а уште 300.000 беа раселени, повеќето од нив етнички Грузијци.

„Пред 15 години, руската агресија ги наруши животите и егзистенцијата на милиони цивили во Грузија“, рече вршителот на должноста заменик-претставник во Обединетите нации Џефри Делаурентис.

„Многу од овие поединци и понатаму не можат да се вратат на нивните животи и домови пред конфликтот. Многумина и понатаму не можат да уживаат во мирот и безбедноста“.

На 25. август 2008 година, Руската Федерација официјално ги призна Абхазија и Јужна Осетија како независни држави. Четири други земји ѝ се придружија на Русија во тоа, додека повеќето други сметаат дека отцепените републики се дел од Грузија. Сепак, руските трупи стационирани во Абхазија и Јужна Осетија ефективно спроведуваат одвојување на Грузија од околу една петтина од нејзината територија.

„САД целосно ги поддржуваат суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Грузија во рамките на нејзините меѓународно признати граници“, рече амбасадорот Делаурентис.

„Военото присуство на Русија во грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија е резултат на нејзината незаконска инвазија“.

„Русија продолжува да го нарушува територијалниот интегритет на Грузија и го поткопува суверенитетот на Грузија, загрозувајќи ја не само Грузија, туку и принципите содржани во Повелбата на ОН. Ја повикуваме Русија да престане со признавањето на таканаречената независност на грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија, кои се составен дел на територијата на Грузија. Ние, исто така, ја повикуваме Русија да ги исполни своите обврски од договорот за прекин на огнот од 2008 година за да ги повлече своите сили на позициите пред конфликтот и да дозволи и олесни непречен пристап на хуманитарните организации“.

„Русија и властите во Абхазија и Јужна Осетија“, рече амбасадорот Делаурентис, „треба да преземат итни чекори за почитување на човековите права во Абхазија и Јужна Осетија, да престанат со изградбата на бариери долж административните гранични линии и да создадат безбедносни услови погодни за доброволно, безбедно, достоинствено и непречено враќање и реинтеграција на внатрешно раселените лица и бегалците“.

XS
SM
MD
LG