Accessibility links

Breaking News

САД ја слават 248-годишнината од основањето


(FILE) Fireworks explode over Baltimore's Inner Harbor during the Ports America Chesapeake 4th of July Celebration, Thursday, July 4, 2019, in Baltimore.
(FILE) Fireworks explode over Baltimore's Inner Harbor during the Ports America Chesapeake 4th of July Celebration, Thursday, July 4, 2019, in Baltimore.

Американците денеска ја слават 248-годишнината од основањето на САД.

На 4 јули 1776 година, Континенталниот конгрес, тогаш раководното тело на конфедерацијата од 13 северно-американски колонии, ја одобри конечната формулација на Декларацијата за независност.

Со оваа мерка, идните 13 држави, прогласија независност од британската Империја.

Декларацијата за независност, иако напишана повеќе од една година откако веќе започна Војната за независност на Америка, поттикна не една, туку две револуционерни идеи.

Првата, дека со оглед на одреден сплет на околности, во овој случај „повторени повреди и узурпации“ на правата и слободите на американските колонисти од страна на владата на кралот Џорџ Трети, „станува неопходно еден народ да ги распушти политичките спреги кои ги поврзаат со други“.

Втората, беше потврда дека сите се создадени да бидат еднакви. Оваа фраза, која обично се толкува дека значи сите лица имаат право на одредени вродени права, вклучувајќи го и правото на достоинство; право да се третираат на исто ниво со друг граѓанин; и да им се даде фер шанса да создадат добар живот за себе - е во центарот на принципите кои го поткрепуваат формирањето на Соединетите Држави. Тие служат како основа за идниот американски Устав, што е врховно законодавство на нацијата.

И, иако честопати не успеавме да ги исполниме тие принципи - најеклатантниот неуспех беше институцијата на ропство што траеше уште 80 години по пишувањето на Декларацијата за независност - таа го посеа семето на промените што со текот на годините ги елиминираа таквите назадувања и продолжи да го прави тоа кога ќе се појават нови предизвици.

„Денеска ја славиме нашата независност. Ја славиме нашата слобода“, рече претседателот Џо Бајден.

„Додека другите нации се формираа врз основа на работи како географија, етничка припадност, религија, Америка е единствената нација во историјата заснована на - идеја. А тоа е дека ние сметаме дека овие вистини се очигледни, дека сите луѓе се создадени еднакви - сите луѓе - обдарени со одредени неотуѓиви права, меѓу нив - животот, слободата и потрагата по среќа.“

„Ние не секогаш сме ги исполнувале тие начела, но никогаш не сме се оддалечиле од нив. И денес, и во сите идни денови, мораме јасно да кажеме: никогаш нема да ги занемариме“, рече претседателот Бајден.

XS
SM
MD
LG