Accessibility links

Breaking News

Иран продолжува да ја избегнува соработката со ИАЕА


По најновиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија, генералниот директор на ИАЕА, Рафаел Гроси, му рече на Бордот на гувернери дека Иран ја прекинал соработката за итни прашања.

„Следствено“, рече тој, „Агенцијата го загуби континуитетот на контролирање на производството и пописот на центрифуги, тешка вода и концентрат на руда од ураниум“.

Директорот Гроси истакна дека иако Иран тврди дека ги означил сите нуклеарни материјали, активности и локации согласно неговиот договор за заштитни мерки или Договор за неширење нуклеарно оружје, тоа тврдење „не е во согласност со наодите на Агенцијата за присуство на ураниум од антропогено потекло на непријавени локации во Иран“.

Резултатот е дека ИАЕА не е во состојба да обезбеди гаранција дека иранската нуклеарна програма е „исклучиво за мирољубиви цели“.

Во изјавата за Одборот на гувернери на ИАЕА, Лора Холгејт, амбасадорката на САД во Виенската канцеларија на Обединетите нации и во Меѓународната агенција за атомска енергија ги нарече иранските нуклеарни активности „длабоко вознемирувачки“.

Амбасадорката Холгејт рече: „Како што јасно покажува извештајот на генералниот директор, наместо да се однесува со загриженост кон меѓународната заедница, Иран продолжува понатаму да се движи во погрешна насока. Иран продолжува да ја шири својата нуклеарна програма, да инсталира дополнителни напредни центрифуги и да произведува високо збогатен ураниум за кој нема веродостојна цел.

Амбасадорката Холгејт, исто така, истакна дека иранското оцрнување на искусни инспектори на ИАЕА „сериозно влијаеше на верификационите активности на Агенцијата“.

На 11 септември, САД им се приклучија на Франција, Германија и Обединетото Кралство во објавувањето на заедничка изјава во која се изразува жалење поради недостатокот на напредок на Иран во разјаснувањето на информациите во врска со „точноста и комплетноста“ на неговите декларации според договорот за заштитни мерки на ИАЕА.

„Доколку Иран продолжи да не обезбедува неопходна, целосна и недвосмислена соработка со Агенцијата за да се решат сите отворени заштитни прашања, ќе бидат потребни понатамошни активности од овој одбор“, соопштија четирите нации.

Заради „интегритетот на меѓународната архитектура за глобалната безбедност“, рекоа тие, „не можеме да дозволиме Иран да ги избегнува своите преземени обврски од година во година“.

XS
SM
MD
LG