Accessibility links

Breaking News

Ирански новинари пред суд


Портпаролот на иранското правосудство објави дека на крајот на мај ќе им се суди на двајца затворени ирански новинари, кои известуваа за настаните околу смртта на 22-годишниот курдскa Иранка Махса Амини.

Смртта на Амини во септември, по нејзиното апсење од полицијата за морал, поради неправилно носење на нејзиниот хиџаб, предизвика протести на национално ниво против иранскиот режим.

Нилуфар Хамеди и Елахе Мохамади се затворени во два од најозлогласените ирански затвори од септември 2022 година, откако помогнаа да се чуе за приказната на Амини. И двeте се соочуваат со обвиненија, вклучително и пропаганда против системот, дејствување против националната безбедност и соработка со Соединетите држави. Тие наводно немаат добиено соодветна правна помош.

На брифинг со новинарите, портпаролот на Стејт департментот Метју Милер ги осуди обвиненијата против Хамеди и Мохамади. „Ги отфрламе тие обвиненија“, рече тој. „Тие очигледно не се вистинити. И ќе забележам дека во текот на протестите, иранските власти постојано ги кршеа човековите права на Иранците, ги казнија за извршување на нивните суштински слободи. Ова ги вклучува не само членовите на иранската јавност кои излегоа да протестираат, туку и новинарите во земјата“.

Последниот извештај на Стејт департментот за човековите права за Иран забележува бројни и значителни прекршувања на човековите права од страна на иранските власти во 2022 година.

Меѓу нив, „строги ограничувања на слободата на изразување, вклучително насилство, закани за насилство и неоправдани апсења и гонења против новинари, цензура и спроведување на закони за кривично дело клевета и клевета; [и] сериозни ограничувања на слободата на интернет“.
Стејт департментот, исто така, извести за смртта на повеќе од 500 луѓе од рацете на иранските безбедносни сили за време на демонстрациите по смртта на Махса Амини и апсењата на 19.000 демонстранти. Дополнително, во извештајот се истакнува дека политичките неистомисленици и новинарите честопати биле обвинети за капитални злосторства и дека егзекуциите биле извршени без соодветна постапка.

„Лажните судења и егзекуции беа клучни компоненти на обидот на режимот да потисне каква било форма на несогласување“, рече портпаролот Милер. „Уште еднаш... ги повикуваме иранските власти да престанат со нивните произволни притворања, да престанат со нивните лажни судења и да престанат да му ги ускратуваат на иранскиот народ основните слободи што ги заслужува“.

XS
SM
MD
LG