Accessibility links

Breaking News

Иранците мора да имаат можност да ја изразат нивната загриженост


САД, заедно со многу меѓународни набљудувачи за човекови права, ја осудија прекумерната употреба на сила од страна на властите кон мирни демонстранти во иранската провинција Хузестан

САД, заедно со многу меѓународни набљудувачи за човекови права, ја осудија прекумерната употреба на сила од страна на властите кон мирни демонстранти во иранската провинција Хузестан.

Во средината на јули, демонстранти излегоа на улиците во провинцијата богата со нафта и која претставува дом на арапското малцинство во Иран. Во време на пролонгирана суша, тие протестираа против голем недостиг на вода како последица на пренасочување на водата во соседните провинции, дупчење на нафта што го прекина снабдувањето со вода, како и поради лошо владино справување.

Според повеќе извештаи, демонстрантите биле соочени со брутална сила. „Амнести интернешнл“ вели „видеоматеријалите, во комбинација со релевантни извештаи од терен, укажуваат дека безбедносните сили користеле смртоносно автоматско оружје, пушки со инхерентно ретка муниција, и солзавец за растерување на демонстрантите“. Најмалку осум мртви беа регистрирани во различни градови, како и десетици апсења. Точната бројка останува непозната и можеби е многу повисока.

Цитирајќи „вознемирувачки извешати“ дека безбедносните сили пукале во демонстрантите, портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс го осуди користењето насилство врз мирни демонстранти. „Ги поддржуваме правата на Иранците мирно да се собираат и да се изразуваат, без страв од насилство и притворање од страна на безбедносните сили. Исто така ги следиме и извештаите за забавување на интернетот во регионот“, рече тој.

Високата комесарка за човекови права на Обединетите нации Мишел Бачелет, ја повика Иранската влада да ја адресира кризата со вода наместо насилно да реагира кон демонстрантите. „Убивањето и затворањето луѓе едноставно ќе го зголеми нивниот гнев и очај“, рече таа.

По насилните обиди на иранските власти да извршат притисок врз граѓаните во Хузестан, протести се раширија и во други делови на Иран, вклучувајќи и во Техеран, Табриз и Караџ, кои извикуваа „Не ја сакаме Исламската република“ и „Смрт за диктаторот“.

Во изјава, портпаролот на Стејт департментот Прајс забележа дека додека протестите во Иран можеби започнале поради недостиг на вода, иранските граѓани „сега ги вадат на површина не само нивните неисполнети потреби, туку и нивните неисполнети аспирации за почитување на човековите права - права кои им се загарантирани на сите граѓани во светот“.

„Ја повикуваме Иранската влада да им дозволи на нејзините граѓани да го практикуваат нивното право на слобода на изразување и слободен пристап до информации, вклучувајќи и преку интернет“.

XS
SM
MD
LG