Новинарите обезбедуваат јавноста да биде информирана. Со тоа тие ги држат владите и моќниците да бидат чесни.
Обидувајќи се да го контролираат протокот на информации и да го елиминираат објавувањето на неповолни или критични вести, државните апаратчици и авторитарни лидери и влади водат обемни и често брутални кампањи за замолчување на независните медиуми. Новинари, уредници, издавачи и други медиумски работници се малтретирани, натоварени со лажни обвиненија, приведени, физички нападнати -- дури и убиени.
Според Репортери без граници, на глобално ниво, речиси 1.100 новинари се убиени во текот на изминатата деценија.
Од почетокот на оваа година се убиени 26 новинари и двајца медиумски работници. Приведени се уште 460 новинари и 18 медиумски работници.
„САД и понатаму се длабоко загрижени поради заплашување на новинарите на многу места низ светот“, рече претставничката на САД во економскиот и социјалниот Совет при Обединетите нации, Лиза Карти.
Оваа година, безбедноста и работните услови за новинарите во Русија и во деловите на Украина под руска контрола остануваат особено проблематични.
„Најмалку седум новинари се убиени додека известувале за неиспровоцираната и неоправдана војна на Русија против Украина. Наводно, уште најмалку 21 новинари се неправедно приведени во областите на Украина контролирани од Русија, а на многумина не им се знае трагата. Овие бројки можеби се само мал дел од мерките за прикривање на стравот што руската влада го има кон вистинито известување за нејзината војна“.
Говорејќи на состанокот на Советот за безбедност на ОН за заштита на новинарите, амбасадорката Карти истакна дека ширум светот „жените во новинарството се несразмерно погодени од закани и напади, кои се почесто се мета на родови и сексуални напади отколку заканите што ги имаат нивните машки колеги, а тоа се повеќе се случува на интернет.
„САД ги осудуваат сите закани, вознемирувања и насилство врз новинарите и медиумските работници“.
„Слободните и независни медиуми се од суштинско значење за демократијата и играат клучна улога во слободната размена на информации и идеи, борбата против корупцијата и држењето на владата поодговорна и транспарентна“, рече амбасадорката Карти.
„Ниту еден новинар не треба да се соочува со малтретирање, заплашување или насилство поради извршување на својата работа“.
Слободно и демократско општество не може да постои без робустен, слободен и независен печат. Тоа е затоа што новинарите ефикасно и доследно ги разоткриваат активностите и практиките, вклучително и владината измама и корупцијата, кои ги осакатуваат и уништуваат демократските институции.