Поради тие причини, Стејт департментот објави водич за американските компании за тоа како да ги заштитат нивните производи или услуги, да не бидат искористени од странски влади за прекршување и злоупотреба на човековите права, рече Скот Базби, в.д. заменик-помошник секретар за демократија, човекови права и труд.
Производите или услугите со намерни и ненамерни капацитети за следење, имаат потенцијал да обезбедат позитивен придонес за економијата и одбраната на државата, и за добробит на општеството. На пример, таквите производи или услуги можат да се користат за заштита на изборните системи од мешање.
Но, многу често, технологиите и средствата за следење се злоупотребувани од странски влади за пригушување отпор, напад на активистите за човекови права, притисок врз малцински заедници, обесхрабрување на свиркачи, спречување на слободно изразување, таргетирање на политички противници, новинари и адвокати, или за неосновано или назаконско мешање во приватноста.
Во некои случаи, странски влади имаат злоупотребено такви средства или услуги, за неосновано или незаконско следење на цели народи.
„Кина е една држава која има заземено многу рестриктивен однос кон интернетот, и во голема мера користи технологија за следење, прекршувајќи ги меѓународните стандарди за човекови права“, речев.д. заменик-помошникот секретар Базби.
Ова вклучува сеопфатно, високотехнолошко следење во Синкјанг, каде Народна Република Кина има спроведено кампања против Ујгурите, етнички Казаци, и членови на други муслимански малцински групи. Други влади низ светот ја применуваат истата технологија врз нивните граѓани: Иран, Венецуела, и според истражување на „Вол стрит џурнал“ во 2019, Алжир, Уганда и Замбија.
Никогаш не било поважно за американските бизниси да имплементираат регулативи, кои ги штитат нивните производи од злоупотреба.
„Мора да продолжиме да унапредуваме иновацијата која одговара на нашиот пристап кон човековите права“, рече в.д. заменик-помошникот секретар Базби, „вклучувајќи го правото да се биде слободен од неосновано или незаконско мешање во приватноста, слобода на изразување, како и почитување на владеење на правото. Со нетрпение очекуваме да работиме со бизнис заедницата во САД, да го имплементираме овој водич, и да осигураме американските компании да продолжат да ги одразуваат најцврстите американски вредности“.