Accessibility links

Breaking News

Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се Украина


На 30 септември, рускиот претседател Владимир Путин објави обид за анексија на четири украински региони: Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.

Ниту еден од нив не беше целосно под контрола на Русија. Објавата на Путин брзо следеше по инсценирани, транспарентно, лажни „референдуми“ кои наводно покажуваат дека украинските граѓани кои живеат во овие области се согласуваат со обидот за анексија на Русија.

„Како и во 2014 година, кога Путин ја објави наводната руска анексија на украинскиот Кримски полуостров, Русија ја тестира решеноста на светот да се залага за основните принципи на меѓународното право“, рече американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд во средината на октомври, за време на специјалната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации за руската инвазија на Украина.

„Како инаку го објаснувате флагрантното непочитување на вредностите на суверенитет, територијален интегритет и мир и безбедност? Како инаку ги објаснувате ужасните напади врз цивили и цивилна инфраструктура што ги видовме оваа недела? Како ги објаснувате прикриени закани од Путин за распоредување нуклеарна сила? Ова се закани кон оваа институција. Тие се закани против сите нас“.



Говорејќи во пресрет на гласањето за резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации со која се повикуваат земјите да не го признаат обидот на Русија за анексија на овие четири региони на Украина, амбасадорката Томас-Гринфилд рече дека акциите на Русија немаат место во нашиот модерен свет.

„Затоа оваа резолуција повикува на мир и повикува на де -ескалација. Но, исто така, јасно е дека ги отфрламе обидите за анексија на Русија, дека го отфрламе овој атак врз територијалниот интегритет, на националниот суверенитет, на мирот и безбедноста“.

Резолуцијата беше усвоена со 143 земји-членки ЗА, 5 Против и 35 нации гласаа воздржано. „Резолуцијата испраќа енормно важен сигнал до Москва и до сите“, рече амбасадорката Томас-Гринфилд.

„Не е важно дали како нација сте големи или мали, богати или сиромашни, стари или нови. Ако сте земја-членка на ОН, вашите граници се ваши и се заштитени со меѓународното право. И тоа важи за секоја земја во ОН. Никој друг со сила не може да ги прекрои.“

„Гласањето има практичен ефект. Тоа значи дека во очите на светот и Обединетите нации, границите на Украина остануваат исти“, рече амбасадорката Томас-Гринфилд.

Како што рече амбасадорката Томас-Гринфилд, „Херсон е Украина. Запорожје е Украина. Доњецк е Украина. Луганск е Украина. А, Украина, и натаму е - Украина“.

XS
SM
MD
LG