Првиот понеделник во септември, секоја година, САД им оддаваат почит на работниците и нивниот придонес за напредокот на нашата држава. На 5-ти септмеври 1882 година, повеќе од 10.000 мажи и жени парадирале низ улиците на Менхетн за да го прослават првиот Ден на трудот.
Централниот трудов синдикатна Њујорк го организирал овој ден за прослава, со цел да им се оддаде почит на работниците кои се бореле да обезбедат повисоки плати, помалку работни час и подобри услови за работа. Тоа било ден за славење, но, и ден за пожртвуваност; работниците ја жртвувале платата тој ден за да ја покажат нивната заложба за обезбедување фер компензација за тешката работа.
Оваа година, пандемијата на ковид-19 создаде нови предизвици за работниците, проблеми какви што не сме виделе во минатото. Додека милиони со месеци работат од дома за да го спречат ширењето на коронавирусот, стотици илјади се борат против болеста. Итните служби и медицинските лица ги ставија нивните животи во ризик за да им помогнат на болните и да ги утешат оние што умираат, и дефинитивно, стотици здравствени работници платија со живот за посветеноста на службата.
И потоа има милиони други, од кои многумина работат на места кои се слабо платени, кои помагаат да се одржи функционирањето на државата. Храна треба да се произведе, обработи, испорача и продаде, за да можат другите да јадат. Поштата треба да се транспортира низ државата, да се организира и испрати. Тие кои ги одржуваат системите за електрична енергија и станиците за прочистување на вода, не се ништо помалку важни за опстанок од политичките лидери низ државата, кои го организираат одговорот против ширењето на коронавирусот, или наоѓаат нови начини да обезбедат заштитна опрема и медицински ресурси.
„Во ова време на нужност, светот повторно е сведок на несовладливата сила на Соединетите Американски Држави“, рече претседателот Доналд Трамп. „Насекаде низ нашата земја, хероите брзо влегоа во акција. Лекарите и медицинските сестри минуваат ноќи неспиени за да го спасат секој можен живот. Земјоделците, возачите на камиони, работниците во продавници за храна, работат нашите полици да бидат полни и нашиот народ нахранет. Семејства им помагаат на соседите кои имаат потреба од помош, и цели заедници работат заеднички да ја победат болеста“, рече тој.
„Но, признание за држвата и за граѓаните на нашата држава е тоа што тие го прават и бројот на животи кои се спасени“.
Ова беше став на американската влада што ги одразува американските идеали и институции.