Американската влада ги обвини руските агенти од ФСБ дека користеле нервен агенс Новичок за труењето на Навални, при што предизвика да падне тешко болен на 30-ти август 2020-та, додека патувал кон Москва од Томск и Новосибирск, каде бил вклучен во кампања.
Навални доби медицинско лекување во Берлин, и по неговото враќање во Русија во јануари, веднаш беше уапсен за наводното кршење на условна казна. Тоа беше наголемо сметано за судски процес за шоу, при што беше осуден на повеќе од две и пол годишна казна затвор.
Една година по труењето на Навални, Стејт департментот најави втор сет санкции врз Русија според Актот за контрола и елиминацијата на хемиски и биолошки оружја. Тоа вклучува ограничувања на постојан увоз во САД на оружје и муниција произведени или лоцирани во Русија, како и стопирање на актуелните апликации, како и понатамошни рестрикции врз нуклеарна и технологија поврзана со проектили, која се извезува во Русија.
Стејт департментот и Одделот за финансии исто така означија деветмина руски поединци и четири организации, што вклучува оперативци инвлвирани во труењето на Навални, но и организации коишто помогнале во развојот на руските нуклеарни капацитети.
Директорката на Канцеларијата при Одделот за финансии за контрола на странски сметки, Андреа Гацки изјави дека труењето на Навални е „шокантно кршење на меѓународните норми против користењето на хемиски оружја и е дел од постоечката кампања за замолчување на гласот на дисидентите во Русија“.
Овие дополнителни санкции врз Русија, според портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, „испраќаат јасен сигнал дека нема да има имунитет за користењето на хемиски оружја, вклучувајќи ги поединците и организациите вклучени во тоа. „Било кое користење на хемиско оружје неприфатливо, и ги крши меѓународните норми. САД ја повикаа Русија да ги почитува преземените обврските според Конвенциите за заштита од хемиско оружје“.