Accessibility links

Breaking News

Варварско убиство на ирански новинар


Основачот на популарната антивладина вебстраница АмадЊус беше обесен на 12 декември.

Тој беше погубен само неколку дена откако Врховниот суд на Иран ја потврди неговата смртна казна за „корупција на земјата“ за поддршка на антирежимските протести во 2017 година.

Неговото вистинско злосторство во очите на иранските власти беше оспорувањето на нивното владеење и разоткривањето на нивното лицемерие.

Рухолах Зам живеел во Париз кога наводно бил киднапиран од ИРГЦ и однесен назад во Иран.

„Зам ја разоткри бруталноста и корупцијата на режимот, кој уби или уапси повеќе од 860 новинари во 41годишното владеење со терор“, напиша американскиот државен секретар Мајк Помпео на Твитер.

Погубувањето на Рухолах Зам уследи по септемвриското погубување на шампионот на Иран во борење Навид Афкари.

Елиот Абрамс,Специјален пратеник на САД за Иран и Венецуела, рече:

„Тоа е уште еден потсетник дека имаме работа со брутален и радикален режим кој не се двоуми да им пркоси на меѓународното право и норми за да наметне моќ и контрола“.

„Затоа е од клучно значење водечкиот државен спонзор на тероризам во светот никогаш не дојде до најсмртоносното оружје во светот“, потенцираше Абрамс.

XS
SM
MD
LG