Accessibility links

Breaking News

Последици или можности за Кина во врска со Украина


При неодамнешниот телефонски разговор меѓу претседателите Џо Бајден и Шји Џинпинг од Народна Република Кина, фокусот беше на неиспровоцираната инвазија на Путин врз Украина.

Претседателот Бајден ги изложи напорите што ги преземаат САД и нивните сојузници да ја спречат, и потоа да одговорат на руската војна против Украина, вклучително и со наметнување санкции врз Русија. Белата куќа соопшти дека претседателот Бајден „ги опишал импликациите и последиците доколку Кина ѝ обезбеди материјална поддршка на Русија додека врши брутални напади врз украинските градови и цивилите“.

Неодамна, Кина и Русија ги затоплија односите. Во февруари, нивните лидери потпишаа заедничка изјава во која ги прогласија односите на двете земји како партнерство „без ограничувања“. Кина не ја осуди руската инвазија на Украина, убивањето и раселувањето на невините цивили и уништувањето на нејзините градови. Претставници на администрацијата на Бајден изразија загриженост дека Кина можеби треба да размисли да ѝ помогне на Русија со воена опрема и економска поддршка што ќе и овозможи на Русија да го ублажи влијанието на санкциите воведени од земјите ширум светот како одговор на нејзината агресија.

По телефонскиот разговор, портпаролката на Белата куќа, Џен Саки, рече дека претседателот Бајден е задоволен што јасно му ги предочил на претседателот Шји последиците за Кина, доколку таа сака да помогне во воените напори на Путин, и истакна дека каналите на комуникација меѓу САД и Кина остануваат отворени. Сега, рече таа, „претседателот Шји треба да одлучи што ќе прави“.

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, нагласи дека е одговорност на секоја земја е јасно да каже каде стои во однос на неиспровоцираната и неоправдана инвазија на Русија во Украина. Поради нејзиниот однос со Русија, Кина, рече тој, „може да стави крај на ова насилство, крвопролевање, уништување, и на оваа војна. Но, тоа допрва треба да го видиме“.

Со години, истакна портпаролот Прајс, Кина ја нагласува важноста на суверенитетот на сите држави. Кога суверенитетот е нападнат, тој изјави: „земјите ширум светот имаат можност да покажат дали тоа што го кажале...всушност значи, нешто. . Ако Кина сака да му покаже на светот дека стои зад она што го кажува, дека стои зад принципите за кои тврди дека стои со години и децении“, рече Прајс, „сега има можност да го стори тоа.“

XS
SM
MD
LG