Accessibility links

Breaking News

Продолжува мизеријата за белорускиот народ


Помина една година од лажните претседателски избори во Белорусија, кои меѓународните заедници не ги оценија ниту како слободни ниту фер.

Масовни протести нанационално ниво се појавија против Александар Лукашенко, човекот оценет како „последниот диктатор во Европа“.

Протестите наидоа на брутална сила од режимот на Лукашенко. Во извештајот за човекови права на Стејт департментот за Белорусија за 2020 година, се забележува деканајмалку четворица демонстранти загинаа, а илјадници биле уапсени, некои подложени на тепање, сексуална злоупотреба и електрични шокови.

До денес, над 600 луѓе остануваат неправедно приведени по затворите. На годишнината од лажираните избори, американскиот државен секретар Антони Блинкен изрази жалење за притворањето мирни демонстранти, затворање независни медиуми и обидите на белоруските власти да ги замолчат невладините организации и задушат граѓанското општество.

Како што истакна државниот секретар Блинкен, во последните месеци терористичките тактики на режимот на Лукашенко се проширија и надвор од копнените граници на Белорусија.

Во мај, белоруските власти пренасочија комерцијален авион што леташе над белорускиот воздушен простор со цел апсење на белоруски новинар.

Неодамна, белоруските власти се обидоа да ја принудат белоруската олимписка спортистка Кристина Тсиманоскаја, на која и беше понудена хуманитарна виза од Полска, да се врати во Белорусија против нејзината волја, едноставно затоа што ја искористи слободата на изразување и го критикуваше Белорускиот олимписки комитет на социјалните мрежи.

Како одговор на континуираното флагрантно непочитување на човековите права и неуспехот на Белорусија да ги исполни своитеобврски согласно меѓународното право зачовекови права, на 9ти август државниот секретар Блинкен објави санкции против четириесет и четири лица и ентитети „со цел да го принуди Александар Лукашенко и неговиот режим да даде отчет за својата континуирана, насилна репресија врз Белорусите, внатре и надвор од земјата“.

Оние што беа мета на американската Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии вклучува државни претпријатија, државни службеници и други кои го поддржуваат режимот; и го кршат владеењето на правото.

Секретарот Блинкен ги поздрави санкциите воведени истиот ден од страна на Обединетото Кралство и Канада, како и оние што ги објави Европската унија на 24ти јуни во поддршката на демократските аспирации на белорускиот народ.

“Ќе продолжиме да работиме со меѓународната заедница и соодветно да одговориме на оние кои ги направија ваквите прекршувањата и злоупотреби на човековите права во Белорусија. Ние стоиме зад народот на Белорусија во поддршка на нивните човекови права и основни слободи“, изјави Блинкен.

Едиторијалот ги одразува ставовите на Владата на САД.

XS
SM
MD
LG