Accessibility links

Breaking News

Бранење на американските колеџи од Кинеската комунистичка партија


„На целиот слободен свет му требаше долго време за да ја разбере траекторијата на која сега се наоѓа Кина“ рече државниот секретар Мајк Помпео во неговото обраќање на Институтот за технологија на Џорџија.

Долго време многумина мислеа дека со тргување и вклученост на Кина, Кинеската комунистичка партија на крајот ќе ги прифати економските и политичките слободи и со тоа ќе претставува помал ризик за слободата низ светот, објасни секретарот Помпео.

„Наместо тоа, кинеските комунисти го употребија богатството кое беше креирано за да ја зацврстат својата моќ, својата моќ врз кинескиот народ и да изградат високо технолошка репресивна држава каква што светот никогаш нема видено.“

„Кинеската комунистичка партија знае дека никогаш не може да ја достигне американската иновација“ рече Помпео. Затоа Партијата е особено активна во американските кампуси на колеџите во обид да изврши влијание преку финансирање и кражба на вредни истражувања:

„Има многу американски научници, кои често вршат истражувања финансирани од американските даночни обврзници, кои се привлечени од програмите за регрутација на таленти на Кинеската комунистичка партија. Партијата им плаќа нешто што за нив претставува вистинско богатство за да вршат истражувања во нивното поле за или во Кина, а потоа често ги користи плодовите од нивната интелектуална работа за да ја гради својата воена сила.“

Дел од најголемите жртви на Кинеската комунистичка партија на кампусите се кинески државјани. Некои студенти од Кина на американските универзитети живеат во страв дека нивните семејства дома ќе бидат испрашувани ако отворено дискутираат за теми кои се сметаат за контроверзни или чувствителни од Комунистичката партија додека се запишани на американските универзитети.

Секретарот Помпео исто така ги повика истражувачите да бидат претпазливи за измами и кражби и да ги одбијат финансирањето од Кинеската комунистичка партија. „Не можеме да дозволиме овој тирански режим да ги краде нашите иновации, да ја гради својата воена моќ и да им ги пере мозоците на напите луѓе, или да ги купува нашите институции за да ги покрие ваквите активности“ порача секретарот Помпео. Тој ги повика администраторите на американските универзитети да ги затворат Институтите Конфучиј и да извршат истраги што т.н. студентски групи кои се поддржани од Кинеската комунистичката партија всушност прават на нивните кампуси.

Дополнително, американските студенти треба храбро да се залагаат за слободата на говор за себе и за нивните кинески колеги на нивните кампуси.

„Ајде да носиме знаме на слободата, да ги браниме нашите училишта, она врз што се изградени овие институции“, повика секретарот Помпео. „Тоа ќе и помогне на нашата национална безбедност. И од централната закана на нашето време, Кинеската комунистичка партија “.

XS
SM
MD
LG