Accessibility links

Breaking News

САД означија држави кои ги кршат верските слободи


Соединетите Држави остануваат цврсти во својата посветеност кон верските слободи.

„На многу места низ светот, ние продолжуваме да гледаме како владите малтретираат, апсат, се закануваат, затвораат и убиваат поединци едноставно затоа што се обидуваат да ги живеат своите животи во согласност со нивните верски уверувања“, рече државниот секретар Антони Блинкен.

Администрацијата Бајден-Харис е посветена на поддршката на правото на секој поединец на слобода на вероисповед или верска слобода, вклучително и соочување и борба против прекршувањата и злоупотребата на ова основно човеково право.

Секоја година државниот секретар има одговорност да ги идентификува владите и не-државните актери, кои, поради нивните прекршувања на верските слободи, заслужуваат да бидат именуван,според Меѓународниот акт за верски слободи. Оваа година, секретарот Блинкен објави дека ги назначи Бурма, Народна Република Кина, Еритреја, Иран, Северна Кореја, Пакистан, Русија, Саудиска Арабија, Таџикистан и Туркменистан како земји од особена загриженост поради тоа што биле вклучени или толерирале „систематски, тековни , [и] екстремни кршења на верските слободи“.

За Пакистан, Саудиска Арабија, Таџикистан и Туркменистан, секретарот издаде изземање од барањето за претседателскиот акт, утврдувајќи дека „важниот национален интерес на Соединетите држави бара можност на такво овластување за откажување“, согласно со Меѓународниот акт за верски слободи.

Секретарот Блинкен, исто така, ги стави Алжир, Коморите, Куба и Никарагва на специјална листа за набљудување за влади кои се вклучиле или толерирале „тешки прекршувања на верската слобода“. Конечно, тој ги назначи Ал Шабаб, Боко Харам, Хајат Тахрир ал-Шам, Ансаралах (понекогаш се нарекуваат Хути), ИСИС, ИСИС-Голема Сахара, ИСИС-Западна Африка, Џемаат Наср ал-Ислам вал-Муслимин и Талибанците како субјекти за особена загриженост.

„Предизвиците за верските слободи во светот денес се структурни, системски и длабоко вкоренети“, предупреди секретарот Блинкен. „Тие постојат во секоја земја. Тие бараат одржлива глобална посветеност од сите кои не се подготвени да прифатат омраза, нетолеранција и прогон како статус кво. Тие бараат итно внимание од меѓународната заедница“.

Соединетите Држави ќе продолжат да вршат притисок врз сите влади да ги држат за одговорните оние кои вршат злоупотреби. САД остануваат посветени на соработката со владите, граѓанските организации и членовите на верските заедници за унапредување на верските слободи ширум светот и решавање на маките на поединците и заедниците кои се соочуваат со злоупотреба, вознемирување и дискриминација поради тоа во што тие веруваат или што не веруваат.

XS
SM
MD
LG