Accessibility links

Breaking News

Помош за светот во борбата против Ковид-19


На неодамнешниот Самит во Британија, групата на демократии познати како Г-7, се заложија да споделат најмалку 870 милиони дози од вакцините против Ковид-19.

Овие дози, комбинирани со заложбата уште од февруари 2021-ва, ќе ја заокружи донацијата од повеќе од една милијарда дози во текот на следната година. САД ќе придонесат со половина од дозите.

„Нашиот меѓународен приоритет е да се забрза доставата на безбедни, ефикасни, и достапни вакцини и за најсиромашните земји, што ќе ја истакне улогата на вакцинирањето како јавно добро“, напишаа лидерите на Г-7 во коминикето.

Претседателот Бајден ја поздрави историската заложба која уследи по неговата најава пред Самитот – дека САД ќе набават половина милијарда дози од вакцината на Фајзер и БиоНтех против Ковид-19 што потоа ќе ги донираат на речиси 100 нации и економии, вклучувајќи и 92 земји со низок и среден раст, а кои имаат очајна потреба од вакцини во битката против пандемијата. Како што потенцираше претседателот, САД „се најголем набавувач и донатор на вакцини против Ковид-19 од било која земја досега“.

„Половина милијарда дози од вакцините ќе почнат да се распределуваат во август, веднаш штом излезат од производствените линии“, изјави претседателот Бајден.

„200 милиони од тие дози ќе бидат доставени годинава, во 2021-ва, а други 300 милиони ќе бидат доставени во првата половина од 2022-ра“, рече тој.

Американската заложба за донирање на половина милијарда вакцините на Фајзер во глобалната битка против болеста е надополнување на најмалку 80 милиони дози претходно најавени од претседателот Бајден и двете милијарди долари помош што САД ќе ги обезбедат за поддршка на Ковакс, меѓународниот механизам за достава на безбедни и ефикасни вакцини против Ковид-19.

Обновената заложба на земјите од Г-7 значи дека од 2020-та, сојузниците се заложиле да финансираат и обезбедат над две милијарди долари за вакцините ширум светот. Г-7 се определени и за проширување на локалното производство за најмалку една милијарда безбедни и ефикасни дози против Ковид-19 во 2021 и 2022, вклучувајќи преку партнерствата за размена на вакцини меѓу САД, Австралија, Индија и Јапонија.

Претседателот Бајден потенцираше дека има јасен консензус меѓу партнерите на Г-7 дека нивните неодамнешни заложби не го означуваат крајот на нивните напори за искоренување на Ковид-19. „Ова ќе биде константен проект уште долго време“, објави претседателот Бајден.

Ова е коментар што ги одразува гледиштата на Владата на САД.

XS
SM
MD
LG