Како признание за важната работа која новинарите ја работат во името на слободата на изразување, оваа година Нобеловата награда мир беше доделена на двајца репортери – Мариа Реса од Филипините и Дмитри Муратов од Русија. „Како многу новинари во светот“, изјави претседателот Џо Бајден во соопштението оддавајќи признание на победниците, „Реза и Муратов, неуморно и без страв трагаа по фактите. Работеа на проверка на злоупотреби на моќта на власт, изложија корупција и бараа транспарентност. Тие беа тврдоглави во одбрана на независните медиуми и ги бранеа од силите кои сакаат да ги замолчат“, рече Бајден.
Реза и Муратов, како и многу други колеги новинари ја платија цената за нивната определеност да известуваат за вистината. Тие беа мета на постојани закани, прогонувања и заплашувања, бројни правни мерки против нив, а во случајот со Муратов, и смрт на негов колега.
САД ги осудуваат заканите, заплашувања и насилството врз новинари и вработени во медиумите кои ја работата својата професија. Во зголемен број случај, овие закани доаѓаат од владите кои ги минуваат границите, вклучувајќи преку злоупотреба на алатки за дигитално надгледување и следење на конверзации на новинарите, за да ја згаснат можноста на новинарите да известуваат за корупцијата меѓу владините редови или репресијата. Претставници од медиумите не треба да бидат подложени на закани, заплашувани, физички напаѓани или апсени за извршување на нивните задачи.
„Сега, повеќе од било, кога“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, „мора да застанеме против зголеменото користење на физички напади, заплашувања преку он-лајн, тужби со заплашувања и регулаторни мерки за извршување притисок за замолчување на медиумите низ светот“.
САД ќе продолжат да се залагаат за слободата на изразување без било какви рестрикции, вклучувајќи ја и за припадниците од медиумите, како и да се држат за одговорни оние кои спроведуваат напад врз слободата на медиумите.
„Реза, Муратов, и новинари како нив, ширум светот се во првите редови од глобалната битка за основната идеја за вистината“, изјави Бајден. „Јас, заедно со многу луѓе во светот сум благодарен за нивната лидерска работа во одржување на таа битка“, изјави претседателот Бајден.