Accessibility links

Breaking News

Оддавање почит на двајца убиени новинари


САД им оддаваат почит на новинарите Наталија Естемирова и Пол Клебников, кои беа убиени во Русија пред пет години, заради откривање корупција и прекршување на човековите права

Во јули им оддаваме почит на двајцата новинари Наталија Естемирова и Пол Клебников. Тие беа убиени во Русија во рок од пет години разлика. Двајцата беа посветени на нивната работа, откривајќи корупција и прекршување на човековите права.

Пол Клебников беше Американец со руско потекло. Тој беше главен уредник на руското издание на магазинот „Форбс“, кој известува за економски и трговски прашања.

Клебников беше посветен на откривање корупција, конкретно преку истрага на тајните постсоветски бизнис зделки. На 9-ти јули, 2004 година, Клебников беше застрелан шест пати од автомобил во поминување, во момент кога излезе од неговата канцеларија во Москва.

Наталија Естемирова беше новинарка и активистка за човекови права во Грозни, главниот град на Чеченија. Како истражувачка и членка на бордот на Меморијалниот центар за човекови права, Естемирова обезбеди докази за киднапирања, торура и убиства во Чеченија од почетокот на втората сепаратистичка војна таму во 1999 година. Таа, исто така, беше фокусирана на откривање на противзаконски егзекуции, палење куќи, киднапирања и незаконско притворање во Чеченија. Таа ги критикуваше владините официјални лица за неуспех да ги изведат пред правда сторителите.

Естемирова работеше одблизу во Чеченија со руската новинарка Ана Политковскаја, друга новинарка, борец за човекови права и критичарка на Руската влада, која беше убиена во Москва во 2006 година. Во 2007 година, Естемирова беше прва добитничка на годишната награда „Ана Политковскаја“, со која им се оддава признание на жените борци за човекови права низ целиот свет кои работат во воени зони.

Утрото на 15 јули, 2009 година, Наталија Естемирова беше пресретната на улица додека одеше кон работа, и беше принудена да влезе во автомобил. Тоа попладне нејзините останки беа пронајдени недалеку од главниот пат во соседната руска република Ингушетија. Таа беше застрелана повеќе пати во глава и гради.

Убијците на Пол Клебников и Наталија Естемирова остануваат неоткриени.

„Организаторите и сторителите на овие монструозни убиства никогаш не беа изведени пред лицето на правдата, и насилството и притисокот врз новинарите продолжуваат да бидат неказниви во Русија“, рече државниот секретар на САД Ентони Блинкен во пишана изјава. „САД ја осудуваат продолжената цензура на Руската влада врз независните медиуми и стојат во солидарност со независните руски новинари и борци за заштита на човековите права“.

„Работата на Естемирова и Клебников ќе продолжи да живее преку идната генерација млади новинари кои тие ги инспирираа, и преку борбата за заштита на човековите права и справувањето со корупцијата во Русија“, рече Блинкен.

XS
SM
MD
LG