Accessibility links

Breaking News

Кери за меѓународната соработка во областа на климатските промени


Враќањето на САД на одржлив пат за ублажување на климатските промени е на врвот на агендата на Претседателот Џо Бајден.

На првиот ден на функцијата, новиот претседател презеде акција за повторно приклучување кон Парискиот климатски договор. Потоа, во рок од неколку дена откако даде заклетва на функцијата, претседателот потпиша мноштво извршни документи чија цел е справување со климатската криза дома и во странство, правејќи широки промени на владината политика.

Но климатските промени се глобални промени што не може да се менаџираат без решавачка меѓународна соработка. Џон Кери е специјален пратеник на претседателот Бајден за климата кој зборуваше на виртуелниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, на 27-ми јануари: „Акција дома не може да биде доволна ако заеднички не изградиме меѓународна стратегија за галванизирање на светот да има поголема амбиција од секоја држава, секој сектор, за да се обезбеди дека иднината со чиста енергија што ни треба, е глобална по обем и размер“.

2020-та беше најтоплата година откако се води статистика, според Американската администрација за аеронаутика и вселена, или НАСА. Со цел да се спречи натамошно зголемување на температурата за повеќе од 1,5 целзиусови степени над пред-индустриските нивоа, за што многу експерти сметаат дека е неопходно за да се избегне катастрофална штета, „ние треба да ја намалиме глобалната емисија на штетни гасови на половина до 2030“, рече секретарот Кери:

„Треба да го напуштиме аргументот на негирачите и одолговлекувачите, дека ова е прашање на избор меѓу квалитетот на животот и справување со овој предизвик. Успех значи да го искористите најдоброто од глобалната генијалност, креативност и дипломатија. Од моќта на умот до моќта на алтернативна енергеија, користејќи ја секоја алатка што ја имаме да стигнеме таму каде што треба да одиме. Иднината на нулта емисија нуди извонредна можност за деловно работење, за чисти, зелени работни места, за економски растеж“.

„Фер е да се каже дека … немаме ниту момент за губење“, рече секретарот Кери.

„Целиот свет треба да дојде на оваа маса за да се реши проблемот“.

XS
SM
MD
LG