Accessibility links

Breaking News

Нова поддршка од САД за Тајланд и за народот во Бурма


САД се посветени да го предводат глобалниот одговор на пандемијата против Ковид-19.

До денес, споделивме над 110 милиони дози на вакцини на глобално ниво и сме во процес на обезбедување над 500 милиони повеќе на повеќе од 100 други нации во светот. САД не бараат финансиски надоместок од каков било вид и нема никакви позадини околу овие донации.

За време на неодамнешното патување во Тајланд, американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд објави дека САД обезбедуваат над 50 милиони американски долари хуманитарна помош за луѓето во Бурма, вклучувајќи ги и оние што се принудени да избегаат од насилство и прогон. Покрај тоа, амбасадорот Томас-Гринфилд објави пет милиони долари помош за Тајланд во борбата против Ковид-19.

Како што истакна портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс: „Ова финансирање доаѓа во критична фаза на зголемените хуманитарни потреби и ќе помогне да се ублажат влијанијата од Ковид-19 врз животот на луѓето од Тајланд и Бурма“.

Пет милиони долари од овие средства ќе одат за обезбедување поддршка на тајландските здравствени работници кои администрираат вакцини. Исто така, ќе помогне да се зајакне способноста на здравствениот систем на Тајланд да одговори на Kовид-19.

Остатокот од пакетот помош, 50 милиони долари, ќе обезбеди критична хуманитарна помош за луѓето во Бурма, рече амбасадорот Томас-Гринфилд. Парите исто така ќе им помогнат на оние кои беа раселени и принудени да пребегнат од насилството и прогонот по воената хунта.

„Хуманитарната помош од 50 милиони долари ќе тече директно преку партнери од меѓународните и невладина организации, за да обезбедат итна храна, заштита, засолниште, основна здравствена заштита, вода, санитарни и хигиенски услуги за ранливите категории на луѓе од Бурма, вклучително и повеќе од 700 илјади бегалци и внатрешно раселени лица. Овие ресурси ќе помогнат Тајланд, невладините организации и меѓународните организации, да можат да одговорат на кризата со Ковид и да ги задоволат потребите на ранливите луѓе, особено на границата на Тајланд, “ рече амбасадорката Томас-Гринфилд.

„Ова се екстремно тешки времиња овде и низ целиот свет. Сакам луѓето од Тајланд да знаат дека САД ќе продолжат да стојат со вас“.

САД ги повикуваат другите донатори великодушно да ги поддржат итните хуманитарни потреби на луѓето во Бурма.

Понатаму, ја повикуваме меѓународната заедница да ни се придружи да направиме повеќе во борбата против Ковид-19 и да ја завршиме пандемијата-во Тајланд и низ целиот свет.

XS
SM
MD
LG