Accessibility links

Breaking News

Нова помош од животно значење за Венецуелците


Амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд најави речиси 407 милиони долари нова хуманитарна помош за Венецуелците кои страдаат како последица на економската криза предизвикана од режимот на Мадуро и неговите поддржувачи, што доведе до пад на економијата на Венецуела, предизвикувајќи милиони од нејзините граѓани да ја напуштат државата, оставајќи уште милиони во државата, на кои им е потребна хуманитарна помош.

Таа ова го најави во средината на јуни за време на виртуелната Меѓународна донаторска конференција во солидарност со венецуелските бегалци и мигранти.

За време на втората половина од 20 век, Венецуела, која е богата со нафта, беше една од најбогатите држави во Јужна Америка, со една од најсилните економии во Јужна Америка.

Но, во текот на изминатава деценија и повеќе, како последица на лошо раководење и корупција на режимот на Николас Мадуро, Венецуела западна во економска криза.

Денес, еден на секои три Венецуелци, со соочува со недостиг на храна, здравствениот систем е близу до колапс, и не се гледа крај во страдањето на венецуелскиот народ.

Така што, Венецуелците масовно ја напуштаат државата. Од 2015 година, над 5,6 милиони од вкупно население од преку 30 милиони граѓани, ја напуштиле државата.

Ново-најавените фондови ќе помогнат во поддршка на Венецуелците кои се иселиле во 17 држави низ Латинска Америка, како и на заедниците кои ги засолниле. Тие, исто така, ќе одат и за помош на седум милиони Венецуелци кои живеат во Венецуела и кои имаат очајна потреба од помош.

„Овие нови фондови ќе ги снабдат Венецуелците со широка помош од суштинско и животно значење, како храна, здравствена заштита, безбедна вода за пиење, засолниште за итни ситуации, и можности за заработка“, рече амбасадорката Томас-Гринфилд.

Финансирањето ќе обезбеди заштита за ранливите групи, вклучувајќи жени, млади, ЛГБТИ+ и домородни луѓе, и конкретна помош за време на пандемијата на ковид-19.

„Денес, ја повторувам заложбата на САД да им помогнат на Венецуела, бегалците и мигрантите, заедниците кои ги засолнуваат и поддржуваат, и најранливите кои се` уште се во Венецуела и се соочуваат со влошена сложена хуманитарна криза. Јас, исто така, ја повторувам нашата заложба да ја адресираме кризата преку мирно политичко решение“, рече амбасадорката Томас-Гринфилд. „САД остануваат посветени во нашата поддршка на венецуелскиот народ во нивната борба за обнова на демократијата и владеење на правото“.

XS
SM
MD
LG