Accessibility links

Breaking News

Промовирањето на верските слободи е морален императив


Стејт департментот неодамна го објави својот 23-ти Извештај за меѓународната верска слобода.

Овие извештаи, објаснува Даниел Надел, висок службеник на Канцеларијата за меѓународна верска слобода, ја демонстрираат непоколебливата посветеност на САД да ја промовираат и бранат слободата на вероисповед или верувањата за сите.

Тоа е „морален императив“, истакна високиот службеник Надел: „Ние како нација имаме неизмерна корист од заштитата дадена во нашиот прв амандман и сосема е природно да сакаме другите да учествуваат во богатството на тоа искуство“.

На пример, откривме дека ограничувањето, па дури и криминализацијата на религиозниот говор или изразување не е добар начин за промовирање на толеранција и верска хармонија, рече Надел:

„Додека законите за богохулење се особено погубни, ние исто така сме загрижени за законите што имаат за цел да ја регулираат способноста на лицето да носи или да не носи религиозна облека или симболи, или закони што ја криминализираат прозелитизацијата или ја ограничуваат способноста на родителите да обезбедат верско образование за своите деца“.

Навистина, прекумерната владина регулација на верскиот живот ги отуѓува граѓаните од нивните влади и ја зголемува веројатноста за насилство, објасни г-дин Надел:

„Властите во многу земји продолжуваат да го ограничуваат верскиот израз преку законите за регистрација или ограничувања на религиозните материјали. Сега сè повеќе гледаме како владите ја користат истата тактика на интернет, каде службените лица внимателно го следат и цензурираат религиозното изразување преку интернет и ги апсат или малтретираат оние кои се вклучени во онлајн дискурсот за религијата или верувањето “.

дин Надел продолжи да предупредува дека светот мора да биде буден од раните предупредувања за можни масовни злосторства низ целиот свет:

„За неколку кратки години, видовме геноцид извршен од ИСИС врз Езиди, христијани и други етнички и верски малцинства во северен Ирак и Сирија. Видовме масовни злосторства, вклучително и етничко чистење, извршени од бурманската војска против Рохинџа“.

И, во Кина владата извршува „злосторства против човештвото и геноцид “против „муслиманските ујгурци и припадниците на другите етнички и верски малцински групи во Ксинџијанг“. „САД се посветени на користење на сите достапни алатки, позитивни и казнени, за да ја унапредат верската слобода“, изјави г-дин Надел.

„За многу луѓе и заедници ширум светот чии приказни го исполнуваат овој извештај, нашата порака денес е јасна: Ве гледаме, ве слушаме и нема да застанеме сè додека не можете слободно да ги живеете своите животи достоинствено и во мир“.

XS
SM
MD
LG