Accessibility links

Breaking News

Последици од репресијата во Белорусија


Blinken Ukraine
Blinken Ukraine

САД ја укинаа генералната дозвола со која ефективно беа суспендирани санкции и дозволени трансакции со девет компании во владина сопственост на Белорусија.

Во изјавата, државниот секретар Ентони Блинкен рече дека ваквиот потег на казнување бил „последица на флагрантното кршење на човековите права од страна на белоруските власти“.

Во 2015 година, Одделот за финансии на САД, ја објави и во повеќе наврати ја продолжи генералната дозвола, со која се овозможуваа трансакции со девет компании, поради, како што рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, „видлив напредок во тоа време во полето на човековите права, и конкретно за ослободување на сите политички затвореници во Белорусија“:

„За жал, забележуваме дека ситуацијата со човековите права е влошена, веројатно на најниско ниво во историјата на независна Белорусија“.

Секретарот Блинкен истакна дека „како резултат на владината репресија околу незаконските претседателски избори во Белорусија во август 2020 и поседиците потоа, денес има над 340 политички затвореници во Белорусија. Со оглед на драматичното влошување на ситуацијата со човековите права во Белорусија, Владата на САД утрди дека натамошно одложување би било против Актот за демократија на Белорусија, и против американските вредности. Деветте државни компании афектирани од овој потег, финансиите и поддршката на режимот на Лукашенко, ја олеснуваат бруталната репресија на белоруските граѓани и натамошно отфрлање на владеење на правото“.

Секретарот Блинкен ги спомна имињата на три белоруски политички затвореници - блогер и потенцијален претседателски кандидат Сергеј Тихановски, опозициската лидерка Марија Колесникова, и независниот медиумски експерт Игор Лосик, забележувајќи дека тие се „меѓу стотиците белоруски затвореници неосновано затворени од режимот на Лукашенко поради практикување на нивните човекови права и фундаментални слободи“.

„САД ги повикуваат белоруските власти веднаш и безусловно да ги ослободат неоправдано притворените или затворените“, рече Блинкен. „Уште повеќе, се заложуваме да работиме заедно со меѓународната заедница да бараме одговорност од оние кои се виновни за прекршување на човековите права и злоупотреби во Белорусија“.

XS
SM
MD
LG