Accessibility links

Breaking News

Време е Русија да стави крај на окупацијата на Крим


Одбележувајќи ја седумгодишнината од Руската инвазија и преземање на Крим, американскиот државен секретар Ентони Блинкен во својата изјава ја повтори оваа основна вистина: Крим е Украина.

„Руската окупација и се поголема милитаризација на Кримскиот полуостров имаат импликации и далеку од границите на Украина, се закануваат на општата светска безбедност“ нотира секретарот Блинкен. Навистина, окупацијата доаѓа и со значајни човечки штети. Руските окупациски власти одржуваат брутална кампања на репресија врз кримските Татари, етничките Украинци, како и членови на други малцински етнички и религиски групи на Крим. Руските власти извршија рации во џамии и домови, ги избркаа независните медиуми од полуостровот, одредија долги затворски казни за оние кои се осмелија да зборуваат против окупацијата. Руската репресија ги остави жителите на Крим во состојба на постојан страв, без да можат слободно да живеат.

Секретарот Блинкен „повика Русија веднаш да стави крај на окупацијата на Крим, да ги ослободите сите украински политички затвореници кои неправедно ги држи и да ја врати целосната контрола врз полуостровот на Украина“ и „исто така повика Русија да стави крај на својата агресија во Источна Украина.“

Американските санкции кон Русија како одговор на нејзината агресија во Источна Украина и преземањето на Крим ќе останат во сила освен и додека Русија не го промени курсот, нагласи секретарот Блинкен. Соединетите Држави не ја признаваат и никогаш нема да ја признаат руската наводна анексија на Крим.

Соединетите Држави ја поздравуваат новата иницијатива на Украина, Кримската Платформа, која има за цел да се подобри ефикасноста на меѓународниот одговор на окупацијата на Крим, да се одговори на растечките безбедносни предизвици, да се засили меѓународниот притисок на Русија, да се спречи натамошно прекршување на човековите права, да се заштитат жртвите на окупациските сили, да се стави крај на руската окупација на Крим и да се врати целосна контрола на полуостровот на Украина.

Кримската Платформа официјално ќе биде промовирана на инаугурациски самит во Киев на 23 август 2021-та.

Соединетите Држави со нетрпение очекуваат да продолжат да работат со Украина и нејзините сојузници и партнери за да се стави крај на окупацијата на Кримскиот полуостров од страна на Русија и нејзината агресија во Источна Украина.

XS
SM
MD
LG