Сали Бериша ги извршуваше функциите втор претседател на Албанија од 1992 до 1997 година, премиер од 2005 до 2013 година, изминативе над 30 години член на албанскиот Парламент.
„Во негов официјален капацитет како премиер на Албанија конкретно, Бериша бил инволвиран во коруптивни дејствија, како злоупотреба на јавни фондови и мешање во јавни процеси, вклучувајќи користење на неговата моќ за лична корист и збогатување на неговите политички сојузници и членови на семејство, на сметка на довербата на албанската јавност во владините институции и јавните официјални лица“, рече Блинкен во неговата пишана изјава.
„Уште повеќе, неговата реторика покажува дека тој сака да се заштити себеси, членовите на неговото семејство, и неговите политички сојузници, на сметка на независни истраги, напори за антикорупција, и инструменти за одговорност“.
Означувањето за корупција значи дека Сали Бериша, неговите жена и две деца, не можат да патуваат во САД.
Според Светска банка, корупцијата е форма на неискреност или кривично дело од страна на лице или организација назначени на позиција на моќ, да се стекнат со некоја форма на корист, или злоупотреба на моќ за лична добивка. Дефинитивно, има цврсти докази дека покоруптивните држави имаат тенденција да имаат пониско ниво на развој на човечките капацитети.
Според „Транспаренси Интернешнл“, непрофитна, невладина организација која работи да открие корупција и да спречи криминални дејствија што произлегуваат од неа, „корупцијата веројатно лошо ќе се одрази врз долгорочниот економски развој преку нејзиното влијание врз инвестициите, оданочувањето, јавните трошоци и развој на човечките капацитети“.
Дефинитивно, корупцијата „се одразува врз рамноправната дистрибуција на ресурси меѓу граѓаните, зголемувајќи ја нееднаквоста во примањата, потценувајќи ја ефективноста на социјалните програми и крајно доведувајќи до пониски нивоа на развој на човечките капацитети. Како последица на ова, може да дојде до поткопување на долгорочен одржлив развој, економски раст и еднаквост“.
Со други зборови, корупцијата е значителна пречка за напредок.
„Со означувањето, јас ја потврдувам потребата од одговорност и транспарентност на албанските демократски институции, владините процеси, и постапки на албанските јавни официјални лица“, рече секретарот Блинкен.
„Означувањето ја потврдува заложбата на САД за поддршка на клучните демократски институции на Албанија. САД продолжуваат да го поддржуваат албанскиот народ. Департментот ќе продолжи да користи авторитети како овој да промовира одговорност за корумпирани актери во регионот и глобално“.