Санкциите вклучуваат забрана за сите нови лиценци и одобренија на САД за извоз на SSB и замрзнување на сметките и ограничувања на визите за д-р Исмаил Демир, претседател на SSB и тројца други службеници на SSB.
Овие санкции немаат за цел да ги поткопаат воените способности или борбената готовност на Турција или кој било друг сојузник или партнер на САД. Наместо тоа, тие имаат за цел да ѝ наметнат трошоци на Русија како одговор на нејзиниот широк спектар на малигни активности.
САД ѝ ставија до знаење на Турција дека купувањето на системот С-400 ќе ја загрози безбедноста на американската воена технологија и персонал и ќе обезбеди значителни средства за рускиот одбранбен сектор, како и рускиот пристап до турските вооружени сили и одбранбената индустрија.
Турција продолжи со набавките и тестирањата на С-400, и покрај достапноста на НАТО-интероперабилните системи за исполнување на нејзините одбранбени заложби. Оваа одлука резултираше со суспензија и отстранување на Турција од глобалното партнерство при програмата за заеднички напади, Ф-35.
Овие санкции испраќаат јасен сигнал дека Соединетите држави нема да толерираат значителни трансакции со рускиот сектор за одбрана и разузнавање.
Во писмената изјава, државниот секретар Мајк Помпео, ја повика Турција „да го реши проблемот С-400 - веднаш, во координација со САД. Турција е ценет сојузник и важен партнер за регионалната безбедност на Соединетите држави и ние настојуваме да ја продолжиме нашата повеќедецениска историја на продуктивна соработка во секторот за одбрана преку отстранување на пречката за поседување на системот С-400 на Турција, што е можно поскоро “.