Accessibility links

Breaking News

Американската влада силно го осудува потегот со приземјувањето на патничкиот авион на „Рајнер“ во Минск


На 23-ти мај, белоруските власти лажно информираа комерцијален патнички авион кој леташе над белорускиот воздушен простор за закана од поставена бомба, при што го принуди пилотот и екипажот да слетаат во главниот град Минск.

Авионот на ирската компанија „ Рајнер“, со 126 патници и членови на екипажот летаа од Атина Грција на пат кон Вилнус, Литванија.

Немаше бомба. Тоа што е познато по слетувањето е дека белоруските власти го уапсија белорускиот новинар Раман Праташевич, и неговата придружничка Софија Сапега. Советот на Меѓународната цивилна авијација одлучи на 27-ми мај да отвори истрага за било каква злоупотреба на цивилната авијација со цел да осигура безбедност на меѓународните летови.

Праташевич е познат критичар на авторитарниот лидер Александар Лукашенко. Тој живее во егзил во Литванија.

„САД силно го осудуваат принудното пренасочување на летот меѓу две членки на ЕУ, и последователно, апсењето на новинарот Раман Праташевич во Минск“, изјави државниот секретар Антони Блинкен во писмено соопштение. „Бараме негово итно ослободување. Шокантниот акт од режимот на Лукашенко ги стави во опасност животите на повеќе од 120 патници, вклучувајќи и американски државјани“.

Праташевич е опозиционен блогер и активист. Тој е ко-основач на каналот Некста на Телеграм, и поранешен уредник на новинскиот сервис Некста во живо, канал со апликација за месинџер Телеграм, што има капацитет да ги заобиколи рестрикциите од белоруската влада за ограничување на слободата на изразување. Минатата година, тој известуваше за неправилностите на претседателски избори, како и од последователните масовни протести против сомнителната победа на Лукашенко. За неговото известување, тој беше обвинет од белоруските власти за тероризам и поттикнување нереди.

„Независните медиуми се важен столб на владеењето на правото и витална компонента од демократското општество“, изјави секретарот Блинкен. „САД уште еднаш го осудија постоечкото заплашување и приведување новинари од режимот на Лукашенко. Стоиме зад белорускиот народ и нивните аспирации за слободна, демократска и просперитетна иднина и ги поддржуваме нивните повици до режимот да се почитуваат човековите права и основните слободи“.

Ова е коментар што ги одразува гледиштата на американската Влада.

XS
SM
MD
LG