Accessibility links

Breaking News

САД објавија прва стратегија за борба против корупцијата


На почетокот на декември, администрацијата Бајден-Харис ја лансираше првата американска стратегија воопшто објавена за борба против корупцијата.

На тој начин, САД потврдија дека справувањето со овој глобален проблем е клучен приоритет дома и во надворешната политика на американската Влада.

Зборувајќи во Еквадор во октомври, државниот секретар Ентони Блинкен наброја некои од причините зошто корупцијата е толку деструктивна сила. „Пресметките се дека корупцијата изнесува до 5 проценти од вкупниот Бруто-домашен производ. Го забавува растот, ги обесхрабрува инвестициите, ја зголемува нееднаквоста“, рече тој. „Но, можеби најголемата последица е што влијае врз довербата на граѓаните во владата“.

„Всушност, ако го погледнете најголемиот дел од граѓанските движења низ светот изминативе години - Евромајдан во Украина, плоштадот Тахрир во Египет, од Романија до Тунис, од Судан до Гватемала - во нивната основа ќе најдете тотален револт поради корупција“.

„Ги афектира граѓаните во секој аспект од нивното секојдневно живеење, и ги цеди државните ресурси што би можеле да бидат потрошени и посветени на училишта, болници, на нешто што всушност го подобрува животот на граѓаните“.

На национално ниво, новата стратегија за справување со корупцијата ги адресира слабостите во американскиот финансиски систем што корумпираните актери може да ги искористат.

На глобално ниво, стратегијата проектира како САД интегрираат мерки за антикорупција во американската финансиска помош во странство, дипломатијата меѓу државите, безбедносните партнерства и билатералните односи.

Стратегијата за антикорупција се базира на пет столбови. Прво, САД ќе ја модернизираат и подобрат координацијата на владините напори за справувањето со корупцијата. Исто така, ќе распределат повеќе ресурси за овој проблем.

Второ, ќе ги адресираат слабостите во американскиот регулаторен систем и ќе работат со меѓународни партнери да го направат истото.

Трето, САД ќе работат да го минимизираат нелегалното финансирање и да бараат одговорност од корумпираните актери.

Четврто, ќе работат да ја заштитат и зацврстат мултилатералната антикорупциска архитектура.

Последно, новата стратегија за борба против корупцијата има за цел да употреби дипломатски ангажман со странски партнери за да се приоритизираат напорите за антикорупција. Ова вклучува зајакнување на странската помош за унапредување на транспарентност, одговорност, и реформи за справување со корупцијата.

„Корупцијата им се заканува на националната безбедност и економската рамноправност на САД, глобалните напори за справување со сиромаштијата и развојот, како и на самата демократија“, рече претседателот Бајден. „ Но, со ефективна заштита и борба против корупцијата, и демонстрирање на користа од транспарентно и одговорно владеење, можеме да обезбедиме суштински бенефит за САД и другите демократии“.

XS
SM
MD
LG