Accessibility links

Breaking News

Соединетите Држави ја поддржуваат Украина


Соединетите Држави се загрижени од неодамнешната ескалација на руската агресија во источна Украина и од веродостојните извештаи за распоредување и движење на руски трупи на украинските граници и на окупираниот Крим.

На брифинг со новинарите, портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, истакна дека на вознемирувачките движења на руската војска им претходеле кршења на примирјето од јули 2020-та година меѓу Украина и Русија. Ова доведе до смрт на четворица украински војници во март и до ранување на уште двајца. Уште осуммина Украинци починаа во април.

„Побаравме од Русија објаснување за овие провокации, но што е најважно, им сигнализиравме на нашите украински партнери директна порака на поддршка.“

Сегашниот конфликт меѓу Русија и Украина започна во 2014-та година со руското заземање, окупација и обид за анексија на Крим, и продолжи со борби меѓу украинските трупи и силите предводени од Русија, што предизвика смрт на повеќе од 13.000 луѓе, според Обединети Нации.

Портпаролот Прајс во очи на неодамнешното кршење на прекинот на огнот од страна на Русија и на насобирањето трупи на границите на Украина и на окупираниот Крим, рече дека официјални лица од целата влада на Соединетите Држави се ангажирани со нивните украински колеги за да ја нагласат поддршката на Соединетите Држави за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Нивната порака е дека Соединетите Држави „ќе бидат загрижени од какви било обиди од страна на Москва, без разлика дали се во рамките на руска територија или во рамките на суверена Украина, да го заплашат нашиот партнер Украина“.

„Ние стоиме со Киев“, изјави г-дин Прајс, „пред ова заплашување и агресија.“

XS
SM
MD
LG