Accessibility links

Breaking News

Победници на наградените дигитални стории на Глобалната иницијатива на УСАИД


Саманта Пауер
Саманта Пауер

„Во се’, од застапување во име на маргинализираните и лицата со попреченост, до прифаќање и примена на чиста енергија и одржливи земјоделски техники, до мирни движења за демократија на речиси секој континент - младите не чекаат да се случат промени - младите ги движат промените“.

„Тие го документираат секој чекор што го прават“, рече таа.

„Тие не само што прават разлика, туку раскажуваат приказни за влијанието и напредокот. Тие брзо комуницираат. Тие генерираат свест со привлечни слики и убедливи пораки. Тие се подобри во ова од мојата генерација и другите генерации што беа пред нив; тие ги инспирираат другите да го следат нивниот пример“.

Минатиот 12 -ти август, УСАИД ја започна Глобалната иницијатива за развој на лидерство и образование, која вклучува милион млади луѓе како партнери во развојот на нивните земји. Покрај проширувањето на новото програмирање околу образованието, граѓанскиот ангажман и лидерство, оваа иницијатива и УСАИД им понудија на младите луѓе шанса да го споделат влијанието на нивните проекти на светот преку #WatchOurImpact Global LEAD дигитален натпревар за раскажување приказни. Младите беа повикани да достават оригинално, триминутно видео или слајдшоу што ќе ја раскаже приказната за нивните акции, предводени од млади за унапредување на локалниот, националниот или глобалниот развој. Петте победници кои беа избрани на 2-ри и на 12-ти август, учествуваа на глобалниот #WatchOurImpact Global LEAD.

Најдобар севкупен победник беше С. Абида Биравасиви за неговиот документарен филм за група филипински, индонезиски и малезиски младинци кои работат на ублажување на огромното влијание што врз животната средина го има отпадот од маски за еднократна употреба.

Наградата за најинспиративно видео ја доби Инеза Умухоза Грејс од Руанда, чие видео, „Моќта на гласот врз заедницата”, се занимаваше со младите креатори на промени што влијаат на климатските промени.

Највлијателното видео, „Создавање безбедни простори за учење”, беше на Хаима Амрауи од Тунис.

Беатрис Ндиша Мвањала од Кенија ја освои наградата за најдобро сеопфатно слајдшоу за филмот „Среде страдање“, опишувајќи како нејзината сушна татковина ја обликувала нејзината судбина.

3Д анимираните видеа за одговор на ковид-19 во Танзанија од Падили Џејмс ја освоија наградата за најинтересно видео.

„И покрај големината на предизвиците што претстојат“, рече администраторката Пауер, „УСАИД во своите младински партнери гледа подготвеност и капацитет, не само за да има влијание, туку и за да ги инспирира другите да се приклучат на каузата“.

XS
SM
MD
LG