Публицитетот предизвикан со одбележувањето на Светскиот ден на СИДА-та како и со Милениумските развојни цели поставени од Обединетите Нации во 2000-та, придонесоа за поголема глобална свесност и активности околу потребата за проширување на третманите за ХИВ за оние на кои им се потребни. Во 2003-та администрацијата на Џорџ Буш Помладиот го воспостави Итниот претседателски план за олеснување на погодените со СИДА, најголемата посветеност на која било нација за меѓународна борба со една болест, оттогаш планот има силна двопартиска поддршка.
Има околу 38 милиони луѓе кои денес живеат со СИДА. Од нив, 68 проценти од возрасните добиваат спасувачка антиретровирусна терапија, според податоците за јуни 2020-та.
И покрај овие на прв поглед огромни бројки Одделот за СИДА на ООН нотира дека смртните исходи поврзани со СИДА се намалени за 60% откако го достигнаа врвот во 2004-та година, а бројот на нови инфекции е намален за 40% во однос на 1997-та година.
Голем дел од тој успех може да биде припишан на американските власти и нивната работа преку Итниот претседателски план за олеснување на погодените со СИДА. За речиси 18 години од неговото основање Планот спаси 20 милиони животи и спречи милиони ХИВ инфекции. Работејќи во над 50 држави тој помогна да се креира ред во хаосот преку поддршка на земјите – партнери да преземат контрола врз нивните епидемии со ХИВ/СИДА.
Заклучно со 30-ти септември од оваа година преку Планот поддржа спасувачка антиретровирусна терапија за речиси 17.2 милиони луѓе, овозможи 2.8 милиони бебиња на мајки со ХИВ да бидат родени без вирусот и обезбеди критична грижа и поддршка за 6.7 милиони сираци и ранливи деца како и за нивните старатели.
Оваа година пандемијата со Ковид-19 претставува посебен предизвик за глобалниот одговор на ХИВ/СИДА. Сепак, земјите – партнери беа во можност да ги искористат капацитетите, лабораториите и синџирите за снабдување поддржани од Итниот претседателски план за олеснување. на погодените со СИДА за да ги зајакнат нивните локални одговори на Ковид-19 и да спречат успорување или уназадување на нивните одговори на ХИВ/СИДА.
„Американското лидерство во глобалниот одговор на ХИВ/СИДА е јасно и силно како и секогаш преку Итниот претседателски план за олеснување на погодените со СИДА“ рече претседателот Доналд Трамп. „Овие напори... ја поместија пандемијата со ХИВ/СИДА од криза кон контрола, заедница по заедница.“