Accessibility links

Breaking News

Повеќе руски дезинформации за Украина: Верска слобода


(FILE) Rescuers work outside a destroyed church after a Russian missile strike in Ukraine.
(FILE) Rescuers work outside a destroyed church after a Russian missile strike in Ukraine.

Под изговор дека идентификуваат закана за меѓународниот мир и безбедност, претставниците на Руската Федерација свикаа состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се пожалат на предложената измена на постоечкиот закон што го разгледува владата на Украина.

Во амандманот се наведува дека доколку една земја-агресор ја нападне Украина и продолжи да користи која било организација, верска или друга, за да се обиде да влијае на луѓето и животот во Украина, украинската влада може да ја распушти таквата организација.

Според овој закон, тврди Руската Федерација, украинската влада би можела да ја елиминира Украинската православна црква, која е контролирана од Москва.

„Русија се обидува да ги оправда своите злосторства и други злоупотреби со тоа што својата војна за агресија ја оквалификува како света војна меѓу доброто и злото, покрај промовирањето на лажните претензии за „денацификација“ на Украина“, рече заменик-претставникот на САД во Обединетите нации Роберт Вуд. „Сите треба да ја видиме оваа фасада и да се фокусираме на добро документираната и систематска политика на верско угнетување на териториите под руска окупација“.

„Од инвазијата на Русија во 2014 година, нејзината војна на агресија вклучува репресија на верувањата против муслиманите, Евреите, православните, католиците, евангелистите и другите религиозни групи. Загрижени сме поради извештаите дека руските окупациски власти продолжуваат да приведуваат и физички да малтретираат, мачат и затвораат поединци врз основа на нивните религиозни убедувања или припадности и неосновано применуваат „екстремистички“, „терористички“ или „непожелни“ ознаки против верски групи“.

„Бискупот Иван Русин од Украинската евангелистичка црква јавно го оплакуваше убиството на пастирите на неговата црква, истакнувајќи дека во областите окупирани од Русија, црквата била принудена да работи во тајност“, рече амбасадорот Вуд. „Неговата молба беше едноставна: „Ве молам, слушнете не`“.

„Сите ние мора да го слушнеме тоа. Сите ние мора да ги погледнеме минатите неискрени тврдења на Русија денес за фактите во многуте добро документирани извештаи, вклучително и како немилосрдните бомбардирања и ракетни напади на Русија ги погодија местата за богослужба и другите верски места. Претходно овој месец, УНЕСКО објави дека ја потврдил штетата на 124 верски објекти во Украина, покрај другите културни објекти. Украинската организација Heritage Emergency Response Initiative го приближува вкупниот број до 700“.

„Додека руската агресија против Украина продолжува, Кремљ се обидува да ги влоши поделбите во Православната црква и да ја злоупотреби верата на оние украински граѓани кои припаѓаат на Украинската православна црква“, рече амбасадорот Вуд. „Го повикуваме Кремљ да ја прекине оваа бесмислена војна на избор и да ги почитува човековите права на сите“.

XS
SM
MD
LG