Accessibility links

Breaking News

НАТО нема да ја отфрли политиката на отворени врати


Среде масивното руско распоредување на војници на границата со Украина, и додека се водат дипломатски дискусии меѓу Русија и членките на Алијансата во обид за деескалација на кризата, едно прашање предизвика дијаметрално спротивни гледиште - за можноста Украина, како и другите источно-европски држави да влезат во НАТО.

„Мошне е важно Украина никогаш да не влезе во НАТО“, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рибјаков по заклучоците на билатералниот Дијалог за стратешка стабилност меѓу САД и Русија. „Ниту Украина, ниту Грузија не треба да станат членки на НАТО“.

Според заменичката на државниот секретар на САД Венди Шерман, која ја предводеше американската делегација, за ова прашање не треба ни да се разговара. „Нема да дозволиме никому да ја затвори политиката на НАТО за отворени врати, која секогаш има централно место во Алијансата“, изјави таа по средбата.

“Ние бевме непоколебливи - Нема да носиме одлуки за други држави. Нема да се согласиме било која држава да има вето врз друга држава кога се работи за станување дел од НАТО алијансата“, рече таа.

Зборувајќи со новинарите пред минатонеделните бројни дипломатски дискусии, државниот секретар Антони Блинкен го окарактеризира обидот на Русија залимитирање на проширувањето на НАТО како „лажен наратив“.

„НАТО никогаш не ветило дека нема да прима нови членки“, рече тој. Тоа не се случило, и нема да се случи“. Политиката на отворени врати е во сржта на Спогодбата со која се основаше НАТО во 1949-та. Членството во НАТО секогаш било одлука меѓу НАТО и земјите кои сакаат да станат дел од него , и никој друг.“.

Секретарот Блинкен додаде дека во истанбулската Повелба за европска безбедност, потпишана во 1999-та “Русија самата се заложи за правото на државите да ги изберат или да ги променат безбедносните договори кои ги имаат, вклучувајќи го и сојузништвото.“

Секретарот Блинкен потенцираше дека „Русија сега бара и од САД и од НАТО да потпишат Спогодби за повлекување на НАТО силите кои се стационирани на териториите на сојузниците во централна и источна Европа и да ѝ се забрани на Украина да влезе во НАТО било кога“.

За време на неодамнешно телевизиско интервју, државниот секретар Блинкен изјави дека една од целите на рускиот претседател Владимир Путин е „повторно да ја наметне сферата на влијание врз државите кои порано биле дел од Советскиот сојуз...

„Тоа е неприфатливо“, објави тој.

„Тоа беше рецепт за нестабилност, рецепт за конфликт, рецепт кој водеше до светски војни. Ние тоа нема да поддржиме“.

XS
SM
MD
LG