Accessibility links

Breaking News

Труењето на Навални мора да биде истражено


Портпаролката на Белата куќа Кејли Мекенани го опиша труењето на господинот Навални како „целосно за осуда“

Добредојдени се вестите дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е надвор од вештачка кома и е контактибилен, според лекарите во Берлин. Изјавата од болницата „Милосрдие“ сепак предупредува дека „и натаму е премногу рано да се предвидат долгорочните последици од сериозното труење“.

Господинот Навални беше префрлен во Берлин од Русија, откако се разболе при лет од Сибир до Москва на 20 август, и откако лекарите, по барање на неговата фамилија, му дозволија да биде транспортиран во Германија.

Во Берлин германските лекари утврдија дека господинот Навални, кој е гласен критичар на рускиот претседател Владимир Путин, бил отруен со нервен отров од групата новичок, хемиско оружје развиено од Русија.

Откако германските здравствени експерти ги објавија нивните наоѓања, амбасадорот на САД во Русија Џон Саливан повика на „брза, сеопфатна и транспарентна истрага од страна на руските власти, која ќе ги повика на одговорност оние што стојат зад овој потег“.

Портпаролката на Белата куќа Кејли Мекенани го опиша труењето на господинот Навални како „целосно за осуда“:

„Русија има користено хемиски нервни отрови во минатото, и ние работиме со нашите сојузници и меѓународната заедница да ги повикаме на одговорност тие во Русија, каде што водат доказите, и да се ограничат фондовите за нивните малигни активности. Руските граѓани имаат право да ги изразат нивните погледи мирно, без страв од каква и да било одмазда, и сигурно не со хемиски отрови“.

Истакнувајќи ја потребата од колективен одговор, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека НАТО сојузниците „се обединети во осудата“ на „ужасниот“ напад врз господинот Навални, и ја повика Русија да учествува во независна, меѓународна истрага на условите при обидот за убиство, и да се најдат оние што се одговорни.

Министрите за надворешни работи на Г7 објавија писмена изјава, исто така, повикувајќи ја Русија на „итна и целосна транспарентност за тоа кој е одговорен за овој грозен напад со труење, и земјаќи ги предвид заложбите на Русија, согласно Конвенцијата за хемиско оружје, да ги донесе сторителите пред лицето на правдата.

„Овој напад врз опозицискиот лидер Навални е уште еден сериозен удар за демократијата и политичкиот плурализам во Русија“, изјави Г7. “Ќе продолжиме да набљудуваме одблизу како Русија одговара на меѓународните повици за објаснување на грозоморното труење на господинот Навални“.

Државниот секретар Мајкл Помпео го повтори повикот на Г7, велејќи дека „овој напад ги прекршува меѓународните норми за забрана за користење на такво оружје“.

Ова беше став што ги одразува погледите на Владата на САД

XS
SM
MD
LG