Accessibility links

Breaking News

Нов безбедносен договор со Грузија


„САД ја ценат Грузија како силен стратешки партнер и остануваат цврсти во поддршката на „грузискиот суверенитет и територијален интегритет.“, изјави секретарот за одбрана Лојд Остин за време на неговото неодамнешно патување во таа земја.

Изминатите три години, програмата за одбранбена подготвеност на Грузија ги изгради капацитетот и подготвеноста на грузиската одбрана, но треба да биде заврши до крајот на годината. Иницијативата за превенција при Министерството за одбрана на Грузија ќе продолжи, најави секретарот за одбрана на САД, Остин.

„Во рамки на програмата за одбранбената подготвеноста на Грузија ќе продолжиме со институционалните реформи во одбранбениот сектор преку јакнење на капацитетот, неопходен за ефикасно одвраќање и одбрана со зајакнување на интероперативноста со НАТО, модернизирањето и развојот на грузиското министерство за одбрана и грузиските одбранбени сили“.

Успехот на оваа иницијатива ќе бара блиска соработка меѓу нашите држави со цел да останеме на патот кон заедничката цел, изјави секретарот Остин.

„Меморандумот за разбирање што го потпишав со грузискиот министер ја подвлекува постојаната политика на Одделот за одбрана да ѝ помага на Грузија да се брани самата, да спречи агресија и да ја продолжи евро-атлантската интеграција. Истовремено, грузиската влада мора да се прилагоди на американската поддршка преку јакнење на демократијата во земјата и спроведување фундаментални реформи, коишто ќе ја приближат Грузија уште поблиску до Западот“.

Секретарот за одбрана Остин ѝ се заблагодари на грузиската влада и народот од оваа земја за нивната поддршка во напорите на САД и НАТО во Авганистан. Грузијците играа огромна улога во мисијата, храбро служејќи, рамо до рамо со нивните американски соборци. Оваа нација плати висока цена со 32-ца загинати и 239 повредени војници во Авганистан. САД оддаваат почит за нивната пожртвуваност, и изразуваат благодарност до грузискиот народ, војниците кои служеле во армијата, до нивните семејства.

„Нашите заеднички напори во Авганистан“, изјави секретарот за одбрана Остин, се „доказ за силината на нашето стратешко партнерство и нашите заеднички интереси и вредности“.

Ова е коментар што ги одразува гледиштата на американската Влада.

XS
SM
MD
LG