Accessibility links

Breaking News

За комуницирањето со Кина


(FILE) U.S. and Chinese flags are seen in front of a U.S. dollar banknote and a China's yuan banknote in this illustration picture taken May 20, 2019.
(FILE) U.S. and Chinese flags are seen in front of a U.S. dollar banknote and a China's yuan banknote in this illustration picture taken May 20, 2019.

„Вистинското време за одбранбените лидери да разговараат е во секое време, секогаш“, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин по средбата со неговиот кинески колега министерот за одбрана Донг Џун во Сингапур.

„Нема замена за отворените линии на комуникација за да се избегнат недоразбирања и погрешни проценки. Како што секогаш велев, дијалогот не е награда, тоа е неопходност“.

Разговорите лице в лице меѓу воените лидери се одржаа на 31 мај на маргините на одбранбениот форум „Шангри-Ла Дијалог“.

Тоа беше прва средба меѓу највисоките лица од одбраната на САД и Кина во повеќе од 18 месеци.

Секретарот Остин ја нарече дискусијата „искрена“ и „отворена“. Во соопштение, Пентагон истакна дека меѓу другите прашања, секретарот Остин изразил загриженост за провокативните дејствија преземени од Кина против Тајван по изборот на новиот претседател на Тајван.

Секретарот Остин ја нагласи посветеноста на САД кон долгогодишна политика за „една Кина“ и ја потврди потребата за мир и стабилност околу Тајванскиот теснец.

Секретарот Остин, исто така, ја нагласи важноста на слободата на пловидба, загарантирана со меѓународното право, особено во Јужното Кинеско Море. Тој ја повтори решеноста на САД да летаат, пловат и да оперираат одговорно секаде каде што дозволува меѓународното право.

Во оценките за состанокот, секретарот Остин повтори дека „секоја голема или мала земја има право да ужива во сопствените поморски ресурси и слободно да плови и да работи секаде каде што дозволува меѓународното право“.

„Сите споделуваме интерес да се осигураме Јужното Кинеско Море да остане отворено и слободно. Мирот и стабилноста во овој регион се клучни за целиот свет“.

Секретарот за одбрана Остин рече: „Она што го бараме во нашите односи со Кина е однос заснован на конкуренција. Не бараме антагонистичка врска, но навистина мора да бидеме јасни за нашите очекувања“.

„И, прашањата за кои имаме предизвици, ако имаме отворен дијалог, можеме да ги решиме преку разни канали“.

„Лидерите на големите сили“, изјави секретарот Остин, „треба да продолжат да работат заедно за да се осигураме дека правиме работи за да ги намалиме можностите за погрешна проценка и недоразбирање. На секој разговор нема да имаме исто мислење. Но, важно е да продолжиме да разговараме.“

XS
SM
MD
LG