Accessibility links

Breaking News

Заштита на владеење на правото


(FILE) A ministerial meeting of the United Nations Security Council
(FILE) A ministerial meeting of the United Nations Security Council

Принципот на владеење на правото налага сите луѓе, институции и субјекти, јавни и приватни, вклучително и самата држава, да одговараат пред законот. Владеењето на правото ги штити ранливите.

Спречува дискриминација, вознемирување и други злоупотреби, ја зајакнува довербата во институциите и поддржува силни, правични и инклузивни општества. Тоа е и основа на меѓународната соработка и мултинационализмот. „Ниту една личност, ниту еден премиер или претседател, ниту една држава или земја не е над законот“, рече постојаната амбасадорка на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд.

„Тоа е железна заложба на САД и основен принцип на Обединетите нации. Посветени сме да ја поддржуваме и да дејствуваме строго во согласност со Повелбата на ОН, која нуди правна заштита од корист на сите држави“.

Повелбата на Обединетите нации го промовира почитувањето на човековите права и основните слободи, дури и кога забранува закана или употреба на сила.

А сепак, светот е во голем ризик од беззаконие. „Денес, одредени држави се означуваат или не успеваат во нивната посветеност на принципите на Повелбата на ОН - или им овозможуваат на прекршителите на правилата да продолжат без одговорност“, рече амбасадорката Томас-Гринфилд.

„Во Русија, во Северна Кореја, Иран, Никарагва и во Сирија, ужасните извештаи детализираат како владите неправедно приведуваат, мачат или убиваат политички противници, активисти, бранители на човекови права или новинари. И во Бурма, Белорусија, Куба, Иран и Судан видовме мирни демонстранти - луѓе кои ги бараат своите основни човекови права - нападнати и злоупотребени“.

А потоа, тука е целосната инвазија на Русија на Украина. „Нема меѓународна правна основа за руската инвазија на Украина“, рече амбасадорката Томас-Гринфилд.

„Мораме да бараме одговорност од Русија, iсто како што мораме да бараме одговорност од сите оние кои не го почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и човековите права и основни слободи“.

„Од наша страна, САД ќе продолжат да го унапредуваат владеењето на правото и на меѓународно и на домашно ниво. И ние сме подготвени да работиме со секој што сака да го стори истото“, рече амбасадорката Томас-Гринфилд. „Ние ќе продолжиме да правиме сè што е во наша моќ да го институционализираме почитувањето на човековите права и владеењето на правото на сите нивоа. Меѓународното право може да не` спаси од пеколот. И со среќа, тоа ќе не донесе поблиску до мирот“.

XS
SM
MD
LG