Accessibility links

Breaking News

Претседателот Бајден го зголеми примањето на бегалци


Соединетите Држави се земја на имигранти. Луѓе од целиот свет дошле во Америка за шанса да го променат својот живот. Некои дошле да избегнат економски тешкотии, да избегнат угнетување или да најдат засолниште од прогонство.

Имигрантите од секоја етничка припадност и религија имале огромно влијание врз Соединетите Држави, придонесувајќи значително за нивниот развој.

Во последниве години, Соединетите Држави го променија функционирањето на американскиот систем за имиграција и бегалци и сериозно го ограничија бројот на бегалци и други имигранти на кои им беше дозволено да се преселат во Соединетите држави. Претседателот Бајден продолжува да ги проширува можностите за преселување на сите видови бегалци како и во поголем број, вклучително и преку издавањето на Претседателската одлука за прием на бегалци од 8 октомври, која го зголемува ограничувањето за прием на бегалци на 125.000 за фискалната 2022 година.

„Соединетите Држави се и ќе продолжат да бидат глобален лидер во меѓународниот хуманитарен одговор, вклучително и во прифаќањето на бегалците“, рече државниот секретар Ентони Блинкен во писмената изјава.

Ние сме „посветени да ја обновиме нашата програма за прием на бегалци во согласност со нашата долга традиција да нудиме надеж и безбедно засолниште на оние кои бегаат од прогонство. Внимателно работиме на обнова на инфраструктурата на програмата, вклучително и преку зајакнување на нашите системи за обработка на бегалците, обезбедување на нови средства на локално и на ниво на сојузните држави за подобрување на капацитетот на нашите домашни партнери за прифаќање, како и проширување на програмите за спонзорирање од заедницата.“

„Во нашата историја како нација, профативме повеќе од 3,1 милиони бегалци, а сега е во тек безбедно пречекување во Соединетите Држави на десетици илјади претходно загрозени Авганистанци, одраз на нашите основни американски вредности да обезбедиме засолниште за оние на кои им е потребно. Го препознаваме огромниот социјален, економски и културен придонес што бегалците го даваат во заедниците ширум Соединетите Држави и сме посветени на обновата на цврстата програма за прием на бегалци, истовремено обезбедувајќи го нејзиниот интегритет и заштитувајќи ги нашите национални безбедносни интереси“, рече секретарот Блинкен.

„Сеопфатната програма за прием на бегалци е камен-темелник на посветеноста на Претседателот за обнова на безбеден, уреден и хуман миграциски систем“.

XS
SM
MD
LG