Така рече претседателот Џо Бајден во неговото неодамнешно обраќање на Генералното собрание.
„Русија бесрамно ги прекрши основните начела на Повелбата на Обединетите нации“, изјави претседателот Бајден, „ништо поважна од јасната забрана државите да преземаат насилно територија на нивниот сосед“.
Во февруари 2022 година, непосредно по почетокот на инвазијата на Кремљ, Советот за безбедност гласаше за резолуција со која се осудува руската агресија и се повикува на итно повлекување на руските трупи од Украина. Имајќи ги предвид фактите на теренот и принципите на Повелбата на ОН, резолуцијата требаше лесно да се усвои.
Сепак, и покрај поддршката од 11 членки на Советот, резолуцијата беше поразена со еден глас „против“ од Русија. Такво е правото на вето на која било од петте постојани членки - и тоа може да биде извор на сериозно нарушување на меѓународните норми кога една од членките грубо ги игнорира тие норми за да оствари свои интереси.
Амбасадорката на САД во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд, неодамна истакна дека од 2009 година Русија ставила вето 26 пати, од кои на 12 се приклучила Кина, додека САД го користеле ветото само четири пати. „Секој постојан член што ќе го искористи правото на вето за да ги одбрани сопствените акти на агресија го губи моралниот авторитет и треба да одговара“, рече таа.
За време на неговото обраќање на Генералното собрание, претседателот Бајден повика на мерки за подобрување на кредибилитетот и ефективноста на Советот за безбедност. „Членките на Советот за безбедност на ОН, вклучително и Соединетите држави“, рече тој, „треба доследно да ја поддржуваат и бранат повелбата на ОН и да се воздржат од употреба на вето, освен во ретки и вонредни ситуации“.
Претседателот Бајден, исто така, објави дека Соединетите држави поддржуваат проширување на Советот, и во делот на постојани и кај непостојани членки. За време на своето обраќање, претседателот Бајден се заложи за постојани места и за земји во „Африка, Латинска Америка и Карибите“.
„Дојде време“, рече претседателот Бајден, „оваа институција да стане поинклузивна за да може подобро да одговори на потребите на денешниот свет. САД се посветени на оваа витална работа“.
Овој коментар ги одразува ставовите на Владата на Соединетите Американски Држави.
Со својата брутална, неиспровоцирана инвазија на Украина, Русија, постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, ja загрозува суштината на мисијата на ОН за заштита на меѓународниот мир и безбедност.