Неодамнешниот извештај за тоа како Народна Република Кина се обидува да ја преобликува глобалната информациска средина, ги изнесува на виделина техниките и тактиките што Кина ги користи во овој конфликт.
Пекинг користи пет главни категории на измамнички и принудни методи додека се обидува да го наруши глобалниот информациски простор, рече специјалниот претставник Рубин:
„[Тие] се: користат пропаганда и цензура; промовирање на дигитален авторитаризам; искористување на меѓународни организации и билатерални партнерства; кооптација на поединечни актери со принуда на оние кои зборуваат против или во спротивност на она што го сакаат Кинезите; и, конечно, вршење контрола врз медиумите на кинески јазик“.
Има фундаментална асиметрија со овие авторитарни режими - НР Кина, Кремљ, иранската Влада - каде што го блокираат пристапот до нивниот информациски простор, истакна специјалниот претставник Рубин:
„Асиметријата е во тоа што тие се слободни да работат, да манипулираат, да користат секакви средства што можат во останатиот дел од информацискиот простор во светот. Таа асиметрија е нешто што треба да го имаме на ум кога размислуваме за ова и за секој обид да се извлече лажна еквивалентност помеѓу она што го прават САД и она што го прават овие авторитарни режими“.
Спротивно на тоа, САД „трошат пари за изградба на слободен информациски простор, за обука на новинари, за изградба на информациско опкружување во кое новинарите можат да бараат одговорност од владата“, рече Рубин:
„Тоа е многу различно од обидот да се доминира во просторот со потиснување на наративи што не им се допаѓаат и лажно поттикнување наративи што тие ги претпочитаат“.
Специјалниот претсваник Рубин ја истакна важноста да се осигура дека се промовира слободата на информирање и „да не ја преминете границата во обидот да ги цензурирате мислењата што не ви се допаѓаат; но дека идентификувате кога Кина, Русија, Иран и други се обидуваат да манипулираат со информацискиот простор или преку лажни наративи, преку преплавување на пазарот, преку ехо комори“.
„Тоа е разликата помеѓу она што тие се обидуваат да го направат и она што ние се обидуваме да го направиме“, истакна специјалниот претставник Рубин, „што е да изградиме информациски простор во кој нашите различни мислења се добредојдени“.
САД се во необјавена информациска војна со авторитарни влади повеќе од една деценија, рече Џејмс Рубин, специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман.