Accessibility links

Breaking News

САД и Кина постигнаа напредок за прашања „кои се важни за светот и го намалуваат ризикот од недоразбирање и погрешна пресметка“


(FILE) Illustration picture of Chinese and U.S. flags with semiconductor chips.
(FILE) Illustration picture of Chinese and U.S. flags with semiconductor chips.

Соединетите Американски Држави и Кина постигнаа напредок за прашања „кои се важни за нашиот народ и за светот и го намалуваат ризикот од недоразбирање и погрешна пресметка“, рече државниот секретар Ентони Блинкен за време на неговото неодамнешно патување во Кина.

Од самитот во Вудсајд каде што претседателот Џо Бајден и Шји Џинпинг се сретнаа лице в лице, „ја унапредивме нашата соработка за фентанил и други синтетички дроги“, истакна секретарот Блинкен:

„Поточно, НР Кина издаде јавна објава до индустријата, презеде извршни дејствија против некои компании кои произведуваат прекурсори - тоа се хемиските состојки што ги сочинуваат синтетичките дроги. И САД и Кина формираа заедничка работна група за борба против наркотици за да соработуваат на креирање политики и за спроведување на законот, како и за споделување техничка експертиза.”

„И покрај тоа што настојуваме да ја продлабочиме соработката онаму каде што се усогласуваат нашите интереси, Соединетите држави се многу јасни за предизвиците што ги носи НР Кина и за нашите конкурентни визии за иднината“, рече секретарот Блинкен:

„Америка секогаш ќе ги брани нашите суштински интереси и вредности. ...Ја повторив нашата сериозна загриженост за обезбедувањето компоненти од страна на НР Кина кои ја помагаат бруталната руска агресија против Украина”.

Секретарот Блинкен, исто така, разговараше за опасните акции на НР Кина во Јужното Кинеско Море.

„Слободата на движење и трговија во овие водни патишта не е клучна само за Филипините, туку и за САД и за секоја друга нација во Индо-Пацификот и всушност низ целиот свет. Јасно кажав дека додека САД ќе продолжат да работат на деескалација на тензиите, нашите одбранбени обврски кон Филипините остануваат цврсти. Ја реафирмирав политиката на САД за „една Кина“ и ја истакнав критичната важност за одржување на мирот и стабилноста преку Тајванскиот теснец“.

Секретарот Блинкен изрази загриженост за ерозијата на автономијата и демократските институции на Хонг Конг, како и за тековните прекршувања на човековите права во Шинџијанг и Тибет.

Секретарот Блинкен ја повика Кина да го искористи своето влијание за да го обесхрабри Иран и неговите полномошници да го прошират конфликтот на Блискиот Исток и да ја притисне Северна Кореја да го прекине своето опасно однесување и да се вклучи во дијалог.

САД ќе продолжат да бараат заеднички јазик со Кина каде што е можно. Во исто време, САД мора да продолжат да комуницираат јасно за разликите во политиката со цел да се минимизираат шансите за погрешни пресметки и недоразбирања.

XS
SM
MD
LG