Accessibility links

Breaking News

Погрешна проценка на Путин


На 24 февруари, рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските воени сили и разузнавачки служби да ја нападнат Украина.

Путин пресметал дека руската армија би можела повторно да ги пробие границите на Украина со малку повеќе последици од осуда од светот, и покрај најавите на САД и нивните сојузници и партнери за брзи и тешки консеквенции и по обемните дипломатски напори каде се разговараше за безбедносната загриженост на Русија. Путин погрешно се пресметал.

„Владимир Путин се обиде да ги разниша темелите на слободниот свет, мислејќи дека може да го натера да потклекне на неговите закани. Но, тој лошо пресметал. „Мислеше дека може да влезе во Украина и светот нема да реагира“, рече претседателот Џо Бајден во своето обраќање пред Конгресот за состојбата во нацијата на 1-ви март. „Тој мислеше дека Западот и НАТО нема да одговорат. И мислеше дека може да не подели дома. Путин, згреши. Бевме подготвени“.

„Се подготвувавме наголемо, и внимателно. Потрошивме месеци градејќи коалиција со други слободољубиви нации од Европа, Јужна и Северна Америка, до Азија и Африка за да го соочиме Путин.“.

„Однапред споделивме со светот се што знаевме - дека Путин планира и како точно ќе се обиде да најде лажно оправдување за својата агресија“, рече претседателот Бајден. „Ние се спротивставивме на лагите на Русија со вистина. И сега кога дејствува, слободниот свет ќе бара од него одговорност.“

„Ги отсековме најголемите руски банки од меѓународниот финансиски систем. Ја спречивме руската централна банка да ја брани руската рубља, со што „воениот фонд“ на Путин од 630 милијарди долари го направи безвреден. Го гушиме пристапот на Русија до технологија што ќе ја намали нејзината економска сила и ќе ја ослабе нејзината војска во годините што доаѓаат“

Го затвораме американскиот воздушен простор за сите руски летови. Целиме врз руските олигарси и корумпираните лидери, и ги замрзнуваме сите незаконски стекнати средства. И, во исто време, ја зајакнуваме поддршката за украинскиот народ додека херојски се борат против руската инвазија.

„Заедно со нашите сојузници им даваме поддршка на Украинците во нивната борба за слобода. Воена помош. Економска помош. Хуманитарна помош. Одделивме повеќе од една милијарда долари директна помош за Украина. И ќе продолжиме да му помагаме на украинскиот народ во време кога ја брани својата земја и ќе помогнеме во олеснување на нивното страдање“.

„Низ нашата историја ја научивме оваа лекција - кога диктаторите не плаќаат цена за нивната агресија, тие предизвикуваат поголем хаос“, рече претседателот Бајден. „Путин ослободи насилство и хаос. Но, иако може да има придобивки на бојното поле - тој ќе плаќа континуирано висока цена на долг рок“.

XS
SM
MD
LG