Accessibility links

Breaking News

Војната на Путин против украинските деца


Додека продолжува да ја спроведува својата незаконска, брутална војна против Украина, рускиот претседател Владимир Путин немилосрдно го гаѓа цивилното население на Украина, и особено на удар се децата.

Едно од најтешките злосторства извршени од Русија против украинскиот народ е киднапирањето и транспортирањето на десетици илјади деца во Русија, територијата окупирана од Русија и Белорусија, и тоа без согласност на семејствата. Тоа се деца чии родители биле убиени во инвазијата или уапсени од властите на териториите под контрола на Русија; деца кои биле одвоени од нивните родители во активна воена зона.

Некои беа киднапирани од украинските државни институции во окупираните области. Други беа испратени во детските летни кампови од родители кои веруваа дека камповите се безбедносни зони, но никогаш повеќе не ги виделе своите деца.

Киднапираните деца се бомбардирани со пропаганда, перење мозок, па дури и подложени на воена обука. Тие се индоктринирани со проруски убедувања дури и кога се подложени на лажни информации кои имаат цел да ја избришат посебната историја, култура и јазик на Украина.

Во март 2023-та, откако заклучи дека киднапирањата на украинските деца претставуваат воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Лвова-Белова, руски комесар за правата на децата.

Минатото лето, САД санкционираа два руски ентитети и 11 поединци за трансфер и депортација на деца од Украина во логори за индоктринација.

И, на 24 август оваа година, Стејт департментот ја санкционираше „Движење на првиот“, младинска организација предводена од руската држава, и тројца нејзини водачи, за вмешаност во обидот за насилно превоспитување на децата во Украина.

„Движењето на првиот“ беше создадено од Владимир Путин во декември 2022 година. Преку своите различни програми, кои вклучуваат организирани воени игри кои реплицираат и симулираат борбени ситуации, како и учење за подготовка на опрема на бојното поле, оваа организација ги превоспитува украинските деца, вклучително и илегално депортирани во Русија.

Децата се иднината, а земја која ги губи своите деца нема иднина. Владимир Путин го знае ова. Со бришење на културното и историското знаење за Украина од главите на нејзините деца, Путин се надева дека ќе ја преобликува нејзината иднина за да се вклопи во неговиот грд, извртен наратив.

Не може да му се дозволи да го направи тоа.

Владата на Соединетите Американски Држави ќе продолжи да ја поддржува Украина додека ја брани нејзината независност, и нејзините деца - од руската агресија.

XS
SM
MD
LG