Accessibility links

Breaking News

Јужна и Северна Америка се опоравуваат од двете тешки години на пандемијата


A recent graduate of nursing school working as a contractor with the Federal Emergency Management Agency, gives a person a Pfizer COVID-19 vaccine booster shot. (File)
A recent graduate of nursing school working as a contractor with the Federal Emergency Management Agency, gives a person a Pfizer COVID-19 vaccine booster shot. (File)

Две години светот страдаше од пандемија со Ковид-19, со карантин и социјална изолација, како и економскиот пад што уследи.

Со 40 проценти од смртните случаи поврзани со Ковид-19, ниту еден регион не ги почувствувал економските и социјални последици на пандемијата поакутно од Јужна и Северна Америка - од зголемена сиромаштија до повеќе млади луѓе без работа, рече државниот секретар Антони Блинкен.

„Овие ветришта доаѓаат по долготрајните предизвици за регионот, вклучувајќи недостиг на можности, забрзана климатска криза, насилство и несигурност, ендемска корупција“.

„Колку повеќе луѓе ширум регионот ги чувствуваат овие предизвици во нивниот секојдневен живот, толку повеќе бараат ефективно владеење кое ќе помогне во нивното решавање“, рече секретарот Блинкен.

„Тоа е причината зошто американскиот јавен и приватен сектор продолжуваат да инвестираат повеќе од која било друга земја во проширување на економските можности низ хемисферата - од 10 милијарди долари што американската развојна финансиска корпорација ги има дистрибуирано до проекти кои обезбедуваат заеми со ниски камати за жените – претприемачи. На пример, до 1,3 трилиони американски долари што САД ги обезбедуваат како годишни директни странски инвестиции во Јужна и Северна Америка.“

„Многуте предизвици со кои се соочија жителите на Јужна Америка предизвикаа губење на довербата во владите и во институциите“, рече Кери Ханан, заменик-помошничка државен секретар за прашања поврзани со Западната хемисфера. Ова значи дека демократските влади во Латинска Америка треба да се направат исчекор и да испорачаат резултати за својот народ.

САД се главен инвеститор во регионот. Се разбира, и други земји нудат инвестиции во различни проекти. Инвестицијата што „испорачува за луѓето е навистина важна“, рече заменик-помошничката на државниот секретар, Ханан. „Но, важно е да се одбегнат замките на задолженоста, кои се маскирани како инвестиција.

„Знаете, кога потпишувате договор за проект и има нејасни клаузули поврзани со него, под притисок сте да мора да го продолжите проектот за изградба на мост, на пример … Тоа навистина не е фер и не е рамноправен терен за инвестирање.“

„Нашите напори во соработката со партнерите и сојузниците во регионот треба да осигуруваат дека тие ги имаат алатките за да обезбедат транспарентност, дека сите проекти за изградба на инфраструктура или обезбедување други услуги во регионот, се фер, дека ги следат еколошките стандарди и се почитуваат работните стандарди“, рече заменик-помошничката на државниот секретар Ханан.

„Тоа е начинот на кој можеме да им помогнеме на владите да продолжат да обезбедуваат подобри резултати за својот народ“.

XS
SM
MD
LG