Accessibility links

Breaking News

Реструктуирање на странската помош од САД кон светот


Одлуката на администрацијата на Трамп да ги стопира и преразгледа програмите за странска помош на Соединетите Држави и да ја преструктуира Агенцијата за меѓународен развој на САД го покрена прашањето за идната посветеност на САД кон странска помош.

УСАИД е владината агенција за помош во странство, која се проценува дека поделила помош од над 43 милијарди долари во 2023 година.

Државниот секретар Марко Рубио, кој е поставен на чело на УСАИД, нагласи дека промените во УСАИД „не се за прекин на странската помош“.

„Станува збор за преструктурирање, на начин што го унапредува националниот интерес на Соединетите Држави“.

Секретарот Рубио истакна дека статутот што го основаше УСАИД јасно стави до знаење дека Агенцијата треба да преземе упатства од претседателот, Советот за национална безбедност и државниот секретар; а сепак, во последните две децении, УСАИД не го прави тоа.

„Нашата желба беше да влеземе во УСАИД и хиерархиски од самиот врв па надолу, да ги идентификуваме сите наши програми. Кои се сите програми што ги финансираме ширум светот? ... Кои се тие што не се во согласност со надворешната политика на САД? А, кои се тие во кои не треба да бидеме вклучени?“

Таквиот преглед и надзор им го должиме на американските даночни обврзници, рече секретарот Рубио:

„Ова не се приватни фондови. Ова се средства на американските даночни обврзници и ние имаме обврска да ги трошиме паметно... Дел од тие пари би можеле да се пренаменат, за да се потрошат – и да има уште повеќе пари за вистинските приоритети. Тоа беше нашата надеж“.

За жал, УСАИД не беше кооперативен, рече секретарот Рубио, за разлика од Стејт департментот:

„Во Стејт департментот, нашите програмски службеници, добија добар увид, и затоа секој ден издаваме откажувања [за продолжување на хуманитарната помош] за програмите на Стејт департментот“.

Спротивно на тоа, забележа секретарот Рубио, во УСАИД имало поединци „дури и по издадените наредби, кои сè уште се обидувале да ги протуркаат плаќањата, спротивно на тоа и во директна непослушност со наредбите“.

Стејт департментот сега отворено се ангажира во мисии ширум светот за присуството на УСАИД - за да се идентификува кои програми за помош се усогласени со интересите на САД.

Оние што го прават тоа, ќе бидат зачувани, рече секретарот Рубио, „затоа што тие го унапредуваат нашиот национален интерес, бидејќи нè прават посилни ... и создаваат просперитет - и не само за нас, туку и за нашите партнери и сојузници“.

XS
SM
MD
LG