Accessibility links

Breaking News

Русија намерно цели врз украински цивили


Како што продолжува рускиот напад врз Украина, се повеќе станува јасно дека Владимир Путин има намера да ги таргетира украинските цивили, рече државниот секретар Антони Блинкен.

„Руските напади погодуваат училишта, болници и станбените згради. Тие ја уништуваат критичната инфраструктура, која им обезбедува на милиони луѓе ширум Украина вода за пиење, гас за да не замрзнат, и струја. Гранатирани се цивилни автобуси, автомобили, па дури и возила на брза помош. Русија го прави тоа секој ден – низ Украина“.

„Ова не се воени мети; тие се места каде што работат цивили и живеат семејства“, рече секретарот Блинкен. „Во руските напади загинаа најмалку стотина цивили, вклучително и деца, а беа ранети уште стотици - и високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет, рече дека очекува реалните бројки да се многу поголеми“.

Запрашан дали верува дека Русија намерно гаѓа цивили, секретарот Блинкен рече дека Русија навистина го прави тоа.

„Сме виделе во минатото дека еден од методите на Русија на војна е да се биде апсолутно брутален во обидот да се заплаши граѓанството на одредена земја, а тоа вклучува во најмала рака неселективно таргетирање и потенцијално намерно таргетирање“.

Говорејќи на 49-тата сесија на Советот за човекови права на 1 март, секретарот Блинкен рече дека заедницата на народи „мора да испрати решителна и обединета порака дека претседателот Путин треба безусловно да го запре овој неиспровоциран напад… и веднаш да ги повлече руските сили од Украина“.

„Мора да го осудиме, цврсто и недвосмислено, обидот на Русија да собори демократски избрана влада и нејзините груби кршења на човековите права и на меѓународното хуманитарно право. И, ние мора да преземеме чекори за да ги повикаме сторителите на одговорност“.

„Мора да ја нагласиме обврската на Русија, дури и во нејзината незаконска инвазија, да го почитува меѓународното хуманитарно право. ... Мораме да ги отфрлиме обидите на Русија лажно да го оправда овој напад како одбрана на човековите права – со погрешно интерпретирање на термините што ги резервиравме за најлошите злосторства и непочитувајќи ја секоја жртва на тие злосторства“.

„Конечно, мораме да извршиме притисок врз Кремљ да ги почитува човековите права на сите Руси – вклучително и правото на граѓаните мирно да изразуваат несогласување и новинарите да известуваат за вестите – и да им обезбедиме информации на семејствата на руските војници, кои заслужуваат да ја знаат судбината на саканите - оние кои беа убиени во војната што ја одбра претседателот Путин“, рече секретарот Блинкен.

„Ние многу внимателно следиме што се случува во Украина во моментов, вклучително и она што се случува со цивилите. Го земаме тоа во предвид. Го документираме. И, сакаме да осигуриме, меѓу другото, дека ќе сноси одговорност за тоа“.

XS
SM
MD
LG