Accessibility links

Breaking News

Алармантен план на Русија за распредување тактичко нуклеарно оружје


(FILE) Russian President Vladimir Putin shakes hands with Belarusian President Alexander Lukashenko.
(FILE) Russian President Vladimir Putin shakes hands with Belarusian President Alexander Lukashenko.

Рускиот претседател Владимир Путин на 25 март објави дека Русија ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, северниот сосед на Украина.

Тој тврди дека бил принуден да го стори тоа по одлуката на Велика Британија да ѝ обезбеди на Украина тенкови од типот Челинџер II со оклопна муниција што содржи осиромашен ураниум. Муницијата со осиромашен ураниум емитува многу ниски нивоа на радијација, но не може да генерира нуклеарна реакција.

„Руската сугестија дека ова планирано распоредување е оправдано поради употребата на оклопна муниција е смешна“, рече Роберт Вуд, специјален претставник на САД за политички прашања. „Треба да се предочи, очигледното: муницијата за пробивање на оклоп не е аналогна на тактичкото нуклеарно оружје“.

„Оваа објава нема никаква врска со типот на муниција... Наместо тоа, има поврзаност со обидите на Кремљ да ја ограничи и одврати меѓународната безбедносна помош за одбрана на Украина на нејзиниот суверенитет , независноста и територијалниот интегритет. Реалноста е дека Кремљ не сака Украина да поседува способност да се брани од руските тенкови“.

„Неодамна, претседателот Путин во заедничка изјава со Кина се обврза ефикасно да го намали ризикот од нуклеарна војна и цинично изјави дека „земјите со нуклеарно оружје треба да се воздржат од распоредување нуклеарно оружје во странство и да го повлечат нуклеарното оружје распоредено во странство“, рече амбасадорот Вуд. Сепак, денес, „Кремљ се обидува да манипулира со сеништето на нуклеарниот конфликт за да се обиде да победи во својата нелегална војна против Украина“.

„Ниту една земја не ѝ се заканува на Русија или, пак, му се заканува на претседателот Путин. Војната на Путин против Украина е тоа што, тој никогаш не требаше да ја започне. И Кремљ би можел веднаш да ја оконча, ако сака.“

„Преку целосно неодговорна реторика и континуирани дезинформации – Русија се обидува да ја ескалира својата неиспровоцирана и брутална војна против Украина – наместо да бара мир“, рече амбасадорот Вуд.

„Русија треба веднаш да престане со реториката на ескалација околу потенцијалната употреба на нуклеарно оружје. Секоја употреба на хемиско, биолошко или нуклеарно оружје во Украина би имало тешки последици за одржувањето на меѓународниот мир и безбедност и суштински би ја променило природата на оваа војна. И секоја употреба на нуклеарно оружје, би го соборила рекордот на неупотреба на такво оружје што се одржува во сила, речиси 80 години.“

„Го повикуваме режимот Лукашенко во Белорусија да престане со соучесништво во руската војна против Украина“, рече амбасадорот Вуд. „Ѝ, повторно ја повикуваме Русија да ја де-ескалира ситуацијата, почнувајќи со запирање на нејзината агресивна војна против Украина“.

XS
SM
MD
LG